Градинка

Слободната игра го развива мозокот на вашето дете

Децата преку играта учат како да го истражуваат светот, како да прифатат ризик, како да пробаат нови работи, а најважно е што се запознаваат себеси.

 deca

Децата преку играта учат како да го истражуваат светот, како да прифатат ризик, како да пробаат нови работи, а најважно е што се запознаваат себеси. Постојат многу причини зошто на детето му е потребна слободна игра, а денес ви прикажуваме некои од нив.

1. Слободната игра го развива мозокот на детето

Слободната игра му помага на детето да се зајакне, да стане независен и да ги усовршува своите вештини за решавање на проблеми.

2. Играта ја унапредува детската креативност

Кога родителите ќе ги остават децата самостојно да развиваат игра во онаа насока која тие ја сакаат, тие ќе станат покреативни и покреативно ќе размислуваат. Кога имаат слобода да го опуштат својот ум и своето тело, доаѓа до креативно решавање на проблемите.

3. Преку слободната игра детето открива што најмногу сака и во што најмногу ужива

Така, детето ќе ги запознае своите интереси, вештини и таленти, но и многу други аспекти за себе.

4. Во такви моменти се развиваат нови врски

Тука станува збор или за свои врсници или за возрасни личности кои се вклучени во играта. Освен што помага во социјализацијата, преку играта со други личности детето ги развива своите преговарачки вештини, развива емпатија…

5. Во текот на слободната игра детето се чувствува сигурно

Тука не постои точно или неточно, исправно или погрешно. Детето ја има целосната слобода да ги испроба своите идеи, да ги тестира и повторно да развива нови.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close