Градинка

Најдобрите мирни активности за деца: Зошто мирот е важен за нивниот развој?

Живееме во брз свет, полн со предизвици...

Мирното време кое го поминуваат децата е важен дел од нивниот развој, не само поради одмор, туку затоа што им помага емоционално да се ресетираат и повторно да се наполнат со енергија, што е неопходно за управување со емоциите и решавање на фрустрациите.

Одморот е неопходен за раст на нивното тело, па затоа во градинките се инсистира на дневно спиење, дури и кај поголемите деца.

Какви мирни активности можете да му понудите на своето дете? Еве неколку предлози во продолжение.

Читање книги

Книгите се совршени мирни активности, дури и за децата кои не знаат да читаат. Читањето и само гледањето во книгите им помага во развивањето на сите академски и предакадемски вештини. Кога децата читаат иста книга повторно и повторно, тие учат за рутина. Децата ја развиваат фантазијата на овој начин, па дозволете му на детето да ужива во оваа активност.

Редење коцки

Коцките и сите други играчки со кои децата може нешто да изградат и да создадат, им овозможува мир и опуштање, иако се вклучени во некоја активност. Нека задолжително ви покажат што направиле, а можете да си играте така што ќе организирате изложба на неговите дела во неговата детска соба и слично.

Боење

Боењето може да му помогне на детето да биде креативно и опуштено во исто време.

Решавање загатки

Ова се однесува на поголемите деца, а оваа активност ги поттикнува децата на решавање проблеми, развивање фина моторика, координација, вештини на планирање и фокусирање. Но, за сето ова е потребно тишина.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close