Градинка

Добредојде септември: Еве зошто родените деца во овој месец имаат предности во однос на другите

Овие личности ги очекува успех на секој чекор.

Се ближи крајот на летото, а температурите постепено ќе почнат да опаѓаат. Одлично време е за раѓање деца, па оние мајки кои имаат термин за породување во септември, може да се сметаат за среќници. Постојат неколку причини поради кои децата родени во овој месец се посебни, а неколку од нив ви прикажуваме во продолжение.

Најверојатно ќе бидат успешни на училиште

Едно истражување открило дека децата кои се родени во септември честопати се поуспешни во однос на школувањето.

Помала е веројатноста дека ќе имаат биполарно пореметување

Според друго истражување, децата родени во септември поретко имаат биполарно пореметување како возрасни личности. Научниците не ја знаат точната причина поради што ова е така, но претпоставуваат дека улога исто така има пренаталната изложеност на поголема количина на витамин Д.

Имаат поголем успех во спортот

Децата родени во овој месец имаат физички предиспозиции, но и се талентирани да се занимаваат со спорт. Затоа, многу од нив се и познати спортисти.

Многумина родени во овој месец се повисоки

Кога се раѓаат, овие деца се помали, но, кога пораснуваат тие се повисоки за разлика од некои нивни врсници родени во пролет или зима. Исто така и ова се должи на оличеството на витаминот Д на кое се изложени нивните мајки во последните месеци од бременоста.

Живеат подолго

Едно истражување во кое учествувале над 1.500 личности постари од 100 години, открива дека луѓето родени помеѓу септември и ноември честопати живеат и подолго од 100 години. Една од причините за ова е тоа што веднаш по раѓањето, овие луѓе се изложени на разни сезонски инфекции, што пак им го зајакнува имунитетот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close