Бременост

3 најчести причини поради кои жените не соопштуваат уште веднаш дека се бремени

Многу трудници се прашуваат кога треба да објават за својата бременост.

Зошто многу жени чекаат да поминат месеци пред јавно да објават дека се бремени? Традиционално е мислењето дека жените треба да чекаат да поминат 12 недели.

Овие работи најмногу ги загржиуваат идните мајки, но не дозовлувајте истите да ви ја диктираат таа одлука, зашто зависи од вас и вашата ситуација.

Страв од спонтан абортус

Најголем број од спонтаните абортуси се случуваат во првото тромесечје. Жените се плашат, а ако вестта им ја објават на родителите и пријателите, во случај на спонтан абортус повторно ќе мора да објаснат што се случило. Многу жени веруваат дека полесно е да ја задржат среќната вест за себе, отколку да ја делат тагата со сите.

Непосакувани совети

Вашата тетка, свекрва, роднина, колешка и сите останати од вашето опкружување имаат некој совет за вас или коментар за нивната бременост. Секако, тука има и зборови за поддршка во кои би можеле да уживате. Но, некои од тие коментари би можеле да ве загрижат, а посебно некои неубави приказни. Меѓутоа, кога и да објавите дека сте бремени, ве чекаат разни совети.

Грижа поради кариерата

Иако знаеме дека бремените жени не смеат да добијат отказ, сепак, сите знаеме дека во реалноста приказната е сосема поинаква. Исто така многу жени по враќањето на работа ја губат позицијата на која работеле пред да заминат на породилно отсуство. Тешко е да се одлучи кога е вистинското време да ја соопштите среќанта вест. Меѓутоа, ако работите на место коешто лошо би влијаело на вашата бременост, најдобро е уште веднаш да им кажете на вашите претпоставени со цел да се заштитите.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close