Бременост

По 14 абортуси стана мајка: Поранешната Мис на Светот роди близнаци!

Поранешната Мис на Светот го оствари својот сон

По дури 14 абортуси, многу денови поминати во солзи и тага, 36 годишната манекенка Росана Дејвисон и нејзиниот сопруг добија близнаци.

 

Фото Инстаграм/ Rosanna Davison

Поранешната Мис на светот вчера сподели фотографија од нејзиниот болнички кревет со сопругот Вес Квирк, на која таа држи две бебиња.

 

Животната приказна на Ирската убавица е тажна, а со неа ќе сочувствува секоја мајка.

Росана која денеска е мајка на ќерката Софија и близнаците Хуго и Оскар, неколку пати оворено зборуваше за својата болка, и откри дека патот до нејзините деца не бил ни малку лесен.

 

Фото Инстаграм/ Rosanna Davison

 

Манекенката имала 14 абортуси, и открила дека има проблеми со плодноста, па поради тоа се решиле по пат на сурогат мајка, да ја добијат првата ќерка Софија.

Докторите ја убедувале Росана дека можеби никогаш нема да остане бремена и да роди дете но сепак чуда се случуваат.

 

Фото Инстаграм/ Rosanna Davison

 

– Се боревме со четиринаесет абортуси во последните неколку години пред конечно да ја пречекаме Софија со помош на сурогат мајка. Ми рекоа дека веројатно никогаш нема да можам да го носам сопственото бебе поради сомневање за дисфункција на имунолошкиот систем, што бројни медицински третмани не успеаја да го поправат – рече моделот.

 

Фото Инстаграм/ Rosanna Davison

Убавата вест за раѓањето на нејзините близначиња Росана вчера ја сподели на својот Инстаграм профил.

 

Фото Инстаграм/ Rosanna Davison

 

Таа сподели фотографија со близнаците и нејзиниот сопруг од породилиштето и напиша:

– Нашите убави и здрави идентични близнаци, Хуго и Оскар, пристигнаа здрави утрово и нашите срца се распаѓаат од љубов. Така е, после долги години станавме петчлено семејство и сите наши соништа се остварија – напиша Розана.

 

Фото Инстаграм/ Rosanna Davison

 

Преку порака на социјалните мрежи таа на своите следбеници им порача никогаш да не губат надеж и дека чудата се случуваат.

 

Фото Инстаграм/ Rosanna Davison
Фото Инстаграм/ Rosanna Davison
Фото Инстаграм/ Rosanna Davison

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close