Бременост

Ги изгубила сите заби во бременоста, но сега е вистинска убавица, нема да верувате како изгледа!

Алисија за кратко време стана вистинска ѕвезда на Тикток, и собра повеќе од два милиони следбеници на социјалните мрежи..

Многу жени се сведоци дека за време на бременоста освен што се менува целото тело, многу често се расипуваат и забите.

Фото Tik tok printscreen

Така оваа 36 годишна мајка на својот Тик Ток профил ги изненади сите откако објави видео на кое покажува дека ги изгубила сите заб по породувањето.

Алисија за кратко време стана вистинска ѕвезда на Тикток, и собра повеќе од два милиони следбеници на социјалните мрежи, благодарение на нејзините неверојатни видеа во кои ја покажува својата способност да се трансформира, пишува „Сан“.

Фото Tik tok printscreen

Поради сосема различниот изглед на крајот на секое видео, некои од следбениците ја нарекуваат „вештерка“, па таа одлучи на сите да им ја затвори устата. Таа храбро ја сподели приказната за проблемите со забите што ги имаше за време на бременоста.

– Мислам дека не се хранев правилно. Не бев здрава и затоа ги загубив сите заби со доаѓањето на бебето – објасни Алисија.

Фото Tik tok printscreen

Денес носи протези за да може да покаже блескава насмевка.

Фото Tik tok printscreen

Во виралното видео, поради кое стана позната, Алисија прво беше снимена со влажна, природна коса после туширање, во шорцеви и маица и без протези. Во следните неколку кадри, таа драстично го промени својот изглед, со продолжување на косата, шминка, гардероба и насмевка, што ги шокираше луѓето на социјалните мрежи.

Бонус совет:

Како да ги зачувате забте во бременоста?

Во прилог на другите медицински совети, важно е да се дадат и оние за одржување на здравјето на забите и што ќе помогнат за правилен развој и зачувување на здравјето на забите кај бремената жена.

Фото Илустрација

Поради развојот на детето во телото на идната мајка, постојат промени карактеристични за бременоста – не само зголемување на телесната тежина, туку и промени во одредени органи. Така, мукозните мембрани доживуваат промени, така што бремената жена може да ги забележи, особено оние во усната шуплина. Устата е подлежна на промена поради зголемената циркулација, што ги прави непцата црвени, отечени и омекнати.

Фото Илустрација

Потребата за калциум се зголемува во бременоста, но калциумот во забите се наоѓа во многу стабилно соединение и количините се премногу мали за да се користат за изградба на скелетниот систем на бебето.

Фото Илустрација

Процесот на вградување на калциум во заб за време на неговата минерализација е неповратен. Многу повеќе калциум се депонира во коските, и овој процес е реверзибилен.

Фото Илустрација

Ако кариесот во бременоста се зголемува, се смета дека е последица на промени во киселоста на плунката, оток на непцата, а со тоа и зголемена акумулација на забен плак, понекогаш изменети навики во исхраната: слатки, кисела храна, чести оброци, неправилна или недоволна хигиена поради промени во оралната слузница.

Фото Илустрација

Честото повраќање е предизвикано од зголемена киселост на усната шуплина – плунката станува покисела, што негативно влијае на забите.

Воспалителни промени на непцата, оток на интерденталните делови на непцата (папили) го отежнуваат одржувањето на редовна и правилна хигиена.

Последица е таложење на забен плак на површината на забите, каде што бактериите се таложат во голем број, создавајќи киселина со што се расипуваат забите.

Фото Илустрацја

Кај некои бремени жени, сите овие фактори можат да предизвикаат брзи промени, кај некои само неколку, но сите овие симптоми може да бидат во многу блага форма или со добри превентивни мерки воопшто да не се изразат.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close