Градинка

Истражувањата велат дека второродените деца се побунтовни и попроблематични

Секое дете е различно, но истражувањата покажуваат дека второродените деца имаат посебни одлики.

Секое дете има свој карактер, почнувајќи од однесувањето па се’ до тантрумите. Меѓутоа, едно истражување потврдило дека постојат одредени разлики помеѓу браќата и сестрите кои произлегуваат од самиот редослед на раѓањето на децата.

Така, поверојатно е дека второродените деца ќе бидат побунтовни и попроблематични во споредба со првородените. Исто така, истражувањето спроведено во Данска и САД открило дека второродените деца ќе бидат посклони кон ризикување, во споредба со нивните постари браќа или сестри.

Мал бунтовник/бунтовничка

Едно истражување следело преку 2 милиони деца во Данска и САД и се фокусирала на тоа како редоследот на раѓање би можело да влијае на дисциплината, на малолетничката деликвенција и криминал. Авторите на истражувањето пронашле некои интересни облици на однесување:

  • Многу поверојатно е второродените деца да бидат побунтовни и попроблематични од постарите браќа или сестри, но бунтовноста кај второродените девојчиња не е толку изразена.
  • Не се пронашле докази дека второродените деца се помалку здрави, всушност, се чини дека се поздрави и имаат поиска стапка на инвалидитет.
  • Не постојат докази дека родителите помалку вложувале во образованието на второродените деца.

Дефизцитот на внимание како можна причина?

Според студиите, вината можеби треба да се бара во родителите. Истражувачите заклучиле дека времето кое родителите го поминуваат со првото и со второто дете, честопати се разликува, и тоа би можело да биде скриената причина за бунтовно однесување.

Истражувачите се надваат ека нивната работа ќе поттикне дискусија за родителското внимание и правењето баланс помеѓу приватниот и деловниот живот.

Други експерти, пак, тврдат дека првородените деца своето однесување може да го моделираат според родителите, додека вторите имаат браќа и сестри како пример. Сметаат дека токму тоа може да придонесе за разлика во однесувањето. Но, се чини дека квалитетно поминатото време со децата е навистина важно, а авторите на истражувањето сметаат дека секој родител би требало да има можност да поминува време со детето, колку што сака.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close