Кафе муабет

Можете да ги забележите од километар: Еве како се облекуваат најсреќните луѓе

Колку луѓето се посреќни, толку поедноставно се облекуваат.

Од 2011 година па наваму, се спроведувало истражување за глобалната среќа. Научниците развиле технологија која ја мери благосостојбата на луѓето во различни земји, како и сопствената субјективна проценка за тоа колку е добар нивниот живот. Потоа се споредуваат сите резултати.

Во 2017 година, листата од 10 најсреќни земји изгледала вака:

  1. Норвешка, 2. Данска, 3. Исланд, 4. Швајцарија, 5. Финска, 6. Холандија, 7. Канада, 8. Нов Зеланд, 9. Австралија, 10. Шведска

Во истиот состав, само менувајќи ги своите места, овие земји биле водечки и претходните години. Знаете ли што ги соединува нив? Крајната едноставност во начинот на живот, но особено во начинот на облекување!

На пример, оние земји каде што модата е особено важна, се наоѓаат ниско на листата на среќни земји. Така, Франција се наоѓа на 32 место, Шпанија на 37, додека Италија дури на 50 место на најсреќни земји во светот.

А што е со среќните земји?

Во овие земји луѓето не ги интересира што Вог препорачува за оваа сезона. Тие го носат само она во што се чувствуваат пријатно. Фармерки и обични маици, патики… Во Данска, на прв поглед нема да знаете кое е момче, а кое девојче. Сите носат едноставна облека, која е удобна и памучна. Важно им е да се дружат, да се движат слободно и без ограничувања.

Швеѓанките не се оптеретуваат со здолништа, на работа не носат потпетици од 10 сантиметри, а да не зборуваме за шминкањето. Швеѓаните се среќни и покрај тоа што нивните жени не изгледаат како манекенки. Ова е чист доказ дека среќата воопшто не завиис од тоа дали носите брендирана облека, дали имате најнови шминки…

Среќни можете да бидете и во обични фармерки и маици, тоа го докажале и истражувањата!

Среќата секогаш треба да ја бараме во нас самите

Речиси сите ние сме научени среќата да ја бараме надвор од нас, но за среќа всушност и не ни треба многу, туку само треба да погледнеме длабоко во нашата душа. Ако научиме да водиме подобар и поздрав живот, тогаш среќата ќе ни се насмевне. Не треба да дозволиме нашата насмевка да зависи од другите.

Најчесто среќата се наоѓа токму во нас, во нашата глава. Нашите мисли се извор на најголеми проблеми, но и на најголеми задоволства. Ако научиме да се прифатиме себеси онакви какви што сме, ако му дозволиме на нашето срце да го избира патот, тогаш ќе бидеме позадоволни и нема да се преоптеретуваме со неважни работи. Она што го праќаме во универзумот – тоа и ни се враќа.

 

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close