Кафе муабет

Повеќе сакаат да поминуваат време со своето милениче, отколку со пријателите?

Дали имате некој ваков пријател во близина?

Сопствениците на домашни миленичиња чувствуваат нераскинлива врска со своите љубимци. Ако нешто позитивно успеаме да видиме од ситуацијата која го променила целиот свет, тогаш тоа е фактот дека поминуваме повеќе време во природа и со своите миленичиња.

На многумина најмногу им одговара друштвото на крзнените пријатели. Науката докажала дека за подобар сон подобро е да спиете покрај куче, отколку покрај човек.

Една анкета открила дека повеќето сопственици на куче подобро би поминале време со своето домашно милениче, отколку со други луѓе. Анкетирани биле 13.000 личности и се открило дека дури 72% сопственици н а куче и 32% сопственици на маче повеќе време сакаат да поминуваат со крзнениот пријател.

Анкетата исто така покажала дека 64% од анкетираните своето милениче го сметаат како свое дете, а 17% од миленичињата имаат профил на социјалните мрежи.

Како што покажуваат и бројни студии, миленичињата помагаат при подобрување на менталното здравје на човекот, што потврдува и оваа анкета во која 99% од сопствениците на куче и 96% од сопствениците на мачки одговориле дека миленичињата имале позитивно влијание на нив.

Миленичињата помагаат при емоционален развој

Чувањето на домашно милениче смирува. Самиот чин на галење го намалува стресот. Грижата за кучето, редовното шетање, чување, давање храна и вода, придонесува за поголем раст на самодовербата кај децата, детето се чувствува способно и корисно.

Да се има можност да се порасне со миленик значи да му се даде можност на детето да прерасне во емоционално стабилно и одговорно суштество. Цврстата врска помаѓу детето и домашниот миленик е доказ дека кучето може да допре до детското срце, а прекрасно е да се гледа како детето среќно си потрчува со неговиот миленик и верен другар.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close