MAMAДом и семејство

Неколку начини за организирање кои ќе ви помогнат да го подготвите вашиот дом за претстојните сезони

Есента може да биде вистинско време за да ги исфрлите непотребните ситници од вашиот дом, па да му дозволите на просторот да „дише“ пред да дојде зима.

Истражувањата покажуваат дека дури 70% од луѓето се незадоволни од нередот кој им постои во домот, но не започнуваат со чистење затоа што не знаат од каде. Како и останатите работи, и овде најважно е да го направите првиот, помал чекор. Почнете од малите работи, на пример фиоките. Дури откако ќе ги средите нив, продолжете со полиците. Ситните чекори ќе ве мотивираат да одите понатаму и нема да имате чувство дека сте преокупирани со обврски. Кога ќе стигнете до гардеробата, бидете сурови.

Најважно прашање кое треба да си го поставите е дали нешто ви е потребно. Често работите ги чуваме за секој случај и така само собираат прашина. Затоа, експертите предложуваат да се придржувате до правилото „од година дена“, што значи дека ако нешто не сте носиле 12 месеци, фрлете го или подарете го некому, па продолжете понатаму. Ако мислите дека овој принцип ви е премногу строг, воведете го правилото на „две години“.

Вишокот работи дајте ги во хуманитарни цели и ќе се чувствувате подобро. Оние работи кои ви останале ставете ги во вакуум кеси, затоа што така ќе заштедите повеќе простор.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close