Бебе

Родители, бидете горди со нив – бебињата родени со поголема глава стануваат поуспешни луѓе!

Бебињата родени со голема глава се поинтелигентни и имаат поголеми шанси да живеат успешен живот

Во детството можеби се шегувале со вас и ви кажувале дека ви е голема главата, но сега можете да одите со високо исправена глава, бидејќи ги имате сите предиспозиции за добри работи во подоцнежниот живот.

Истражувањето го спроведе една фирма во Велика Британија во која се изучуваат како генетските предиспозиции и изложеност на околината влијаат на развојот на болестите. Тие заклучија дека високиот степен на интелигенција во многу случаи е поврзан со волуменот на мозокот.

Истражувањето е спроведено за да ја откријат врската на нивниот ген, односно психичкото и физичкото здравје во однос на насоката во која ќе ви се движи животот. За оваа истражување научниците од Велика Британија, Германија и Америка, под водство на Универзитетот во Единбурх анализираа податоци на 100.000 Британци помеѓу 37 и 73 години, а половина милион примероци се земени од претходните истражувања.

Ги проучувале испитаниците на неколку начини, тестирајќи ги факторите како вербална и нумеролошка снаодливост, рефлексивност, однос на времето кое им е потребно за реакција, помнење и можности за учење.

Резултатите се објавени во магазинот „Nature journal, Molecural Psychiatry“ и во нив пишува дека се пронајдени голема поврзаност помеѓу обемот на главата и когнитивните способности во детството.

Просекот за обем на глава кај машките деца е 36 см и 35 см кај женските, а оние кои се родени со поголеми глави се покажале како поуспешни.

Имаат подобро образование, подобра работа и слично.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close