
Изненадете ги вашите пријатели, семејството, саканите… Веруваме дека овој колач ќе ви остави голем впечаток.
Потребни состојки за кора:
- 8 белки
- 8 лажички шеќер
- 8 лажици брашно
- 200 милилитри млеко
Потребни состојки за фил:
- 8 жолчки
- 8 лажички шеќер
- 5 лажички брашно
- 500 милилитри млеко
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 250 грама маргарин
- 500 грама малини
- 3 пакетчиња шлаг пена
Начин на подготовка:
Изматете ги белките со шеќерот, па додајте брашно. Лесно мешајте и ставете во сад обложен со хартија за печење, па печете 20 минути на 180 степени. Изладете ја кората, одлепете ја хартијата и прелијте со врело млеко.
Изматете ги жолчките со шеќерот, додајте брашно и 100 милилитри млеко и добро промешајте. Останатото млеко ставете го да вари заедно со ванилиниот шеќер, па додајте ги жолчките и направете пудинг.
Во средно топол филм додајте маргарин и добро промешајте. Редете кора, па фил и во него густо ставете малини, па на крај шлагот.