Рецепти
Лудо тесто за брзи мини крофни од само две состојки – меки како памук, се топат во устата!
Ретки се оние кои би одбиле да пробат вкусни и слатки крофни.
На Интернет можеме да пронајдеме бројни брзи рецепти кои се состојат од неколку состојки, а денес ви прикажуваме еден рецепт за подготовка на мини крофнички, нешто што речиси сите го обожаваме.
Жената која го измислила овој рецепт го споделила своето искуство на Твитер, а многумина решиле и да го испробат.
Потребни состојки:
- 140 грама брашно
- 190 грама јогурт
- Малку прашок за пециво
Начин на подготовка:
Соединете ги добро брашното и јогуртот, па праваете кругчиња од нив и пржете ги во масло. Готовите крофнички посипете ги со прав шеќер, прелијте ги со чоколадо, шарени трошки или служете ги со додаток по ваша желба.
Жената што го измисли рецептот го сподели своето искуство на Твитер, а многумина решија да го пробаат.
Важно:
Жената во рецептот користеше брашно кое само стасува, кое го нема кај нас, но ист ефект ќе добиете ако на обичното брашно му додадете една лажичка печиво.
Уживајте!
i made two-ingredient (plain yogurt + self-raising flour) mini donuts because boredom ?
i added a bit of milk to the batter to thin it out a bit and overall this was hella easy to do and takes like 10 minutes in total to make!
no idea how this tastes but it looks legit kan ??? pic.twitter.com/2g3eUrnkG9
— ?⚔️? (@sixtieshairdo) May 5, 2020
Вкусни крофнички со дупче
Уште еден рецепт за крофни што никого нема да остават рамнодушен.
СОСТОЈКИ:
500 грама брашно, 15 грама квасец, 1 лажичка шеќер, лушпа од лимон, 3 јајца, една коцка путер, масло, 100 мл млеко, 100 мл кисела вода, малку сол
ПОДГОТОВКА:
Во малку млеко или вода ставете го квасецот и шеќерот и оставете 3 минути да се запени и истопи.
Во садот скршете ги јајцата, додадете квасец, млеко, кисела вода, лушпа од лимон, стопен путер и брашно, па на крај и сол.
Измешајте и добро измесете со рацете или сукало.
Оставете го тестото половина час да се „одмори“ покриено. истресете го на маса на која сте ставиле малку брашно и измесете го повторно.
Раширете го во правоаголник и вадите крофни.
На средината правете мали дупчиња, можете со капачето од маслото.
Ставете во тава со хартија за печење.
Покријте со фолија и оставете 10 минути.
Пржете во длабоко масло на умерена температура.
Одозгора можете да ставите шеќер во прав или ванилин шеќер.
Уживајте!