Рецепти

ПО РЕЦЕПТ ОД НАШИТЕ БАБИ: Направете вкусно домашно лепче без квасец и пита од готови кори!

Бидејќи не се користи квасец за подготовка погачата се прави многу брзо...

Ако сакате сами да направите вкуснa погача пробајте го овој рецепт без квасец!

фото: Novi.ba

Бидејќи не се користи квасец за подготовка, таа се прави многу брзо, можете да ја направите оваа погача по рецептот на нашите баби за само половина час и наутро да јадете топла погача за појадок.

Вака замесеното тесто е меко и вкусно целиот ден.

фото: Novi.ba

Потребни состојки:

500 гр брашно, 1 прашок за пециво (не се става цел), сол, 2 лажици маслиново масло, 250 мл јогурт, малку кисела вода

Измешајте го брашното со прашокот за пециво, додадете маслиново масло.


Додадете го јогуртот и киселата вода и замесете мазно тесто.

Оставете да одмори 15 минути. Во тавата каде што ќе го печете лепчето ставете листови свежа зелка, па потоа ставете го тестото и малку притиснете го со рацете.

Покријте со  крпа да одмори уште10 минути.

– Користете вилушка, избоцкајте го малку тестото и печете во загреана рерна околу 40 минути на 200 степени С.

Во продолжение уште еден одличен рецепт за вкусна пита со урда од готови кори

За да направите добра пита од готови кори, треба да бидете навистина вешти но и да имате добар рецепт.

Foto: Letina kuhinja

Состојки:

12 кори за пита, 250 гр урда, 250мл павлака за готвење, 100гр путер, 20мл масло, сол по потреба

Подготовка:

Се топи путерот и се додава павлаката за готвење. Нека се соединат и потоа со нив се премачкува кората. Наредете ги првите три кори така што од путерот и павлаката за готвење ќе ставите на сите три, а урдата само на третата. Завиткајте ги во вид на ролна и сечете на помали парчиња.

Се редат во плех, се премачкуваат со преливот и на крајот истурете го целиот прелив кој остана.

Печете на 200 степени 20-25 минути.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close