
Децата на возраст од 2 до 6 години честопати знаат да бидат прибирливи кога е во прашање храната. Родителите често се жалат дека децата јадат многу малку и ретко го изедуваат она што им е сервирано во чинијата.
Бидејќи родителите и семејеството имаат пресудна улога во создавањето на прехранбени навики за децата, важно е да не се прават грешки кои негативно влијаат на децата.
Нема да добие можност да развие здрав однос со храната
Децата мора да имаат прилика да развијат интуитивно јадење и да бидат способни да разберат кога се гладни, а кога заситени. За да се поттикне развој на нормално однесување во исхраната, важно е да може да одлучат колку сакаат да јадат и да престанат во оној момент кога нивното тело и ум целосно ќе бидат задоволени.
Му ја одземате контролата на детето над сопственото тело
Исхранувањето е нешто природно, и не треба да ги фалите малите што добро или многу јадат. Кога го правиме тоа, стануваат несигурни. Уште една грешка која родителите може да ја направат е да им викаат на децата кога нема да изедат се’ од чиниите, што исто така може да биде штетно за нивните навики за исхранување.
Детето би можело да почне да одбива, па и да ја мрази здравата храна
Ако искуството со храната која родителите ја нудат било негативно, постои голема шанса детето да го избегне тој вид храна. Поради природниот страв од непозната храна, нормално е децата да одбиваат одреден вид храна, но кога одбивањето нема да наиде на разбирање, туку родителите вршат притисок, голема е веројатноста поврзаноста со таа храна да не стане позитивна, а детето може да развие аверзија кон здравата храна која му ја нудат родителите.