Рецепти

Кремаст колач од малини: Кога еднаш ќе го пробате, нема да го заборавите (Рецепт)

Рецепт кој веруваме дека ќе сакате да го правите често.

Изненадете ги вашите пријатели, семејството, саканите… Веруваме дека овој колач ќе ви остави голем впечаток.

Потребни состојки за кора:

  • 8 белки
  • 8 лажички шеќер
  • 8 лажици брашно
  • 200 милилитри млеко

Потребни состојки за фил:

  • 8 жолчки
  • 8 лажички шеќер
  • 5 лажички брашно
  • 500 милилитри млеко
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 250 грама маргарин
  • 500 грама малини
  • 3 пакетчиња шлаг пена

Начин на подготовка: 

Изматете ги белките со шеќерот, па додајте брашно. Лесно мешајте и ставете во сад обложен со хартија за печење, па печете 20 минути на 180 степени. Изладете ја кората, одлепете ја хартијата и прелијте со врело млеко.

Изматете ги жолчките со шеќерот, додајте брашно и 100 милилитри млеко и добро промешајте. Останатото млеко ставете го да вари заедно со ванилиниот шеќер, па додајте ги жолчките и направете пудинг.

Во средно топол филм додајте маргарин и добро промешајте. Редете кора, па фил и во него густо ставете малини, па на крај шлагот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close