Рецепти

Рецепти за појадок кои можете да му ги подготвите на вашето малечко

Ако немате идеја што да му понудите на вашето малечко од 1 до 3 години, погледнете некои предлози

Речиси сите мајки во одреден период се соочиле со недостиг на идеи што да му понудат на малечкото за појадок. Многу идеи веќе се испробани, некои му се допаѓаат, а некои не… Во продолжение ви прикажуваме неколку рецепти кои може да ги ставите уште на утрешното мени.

Попара со јајце

Во еден сад ставете вода, додајте малку сол и путер. Кога водата ќе зоврие, додајте исечкан леб или кифла и варете на блага температура. Пред крај додајте едно цело изматено јајце и мешајте додека кашата не стане компактна. Ваквата попара можете на вашето малечко да му ја послужите и со додаток на сирење.

Гриз со ______

Во еден сад ставете малку млеко и загревајте го на тивок оган. Постепено додавајте гриз до саканата густина. Во зависност од тоа дали правите слатка или солена каша, додајте шеќер или сол. Ако појадокот е благ, може да додадете банана, круша или јаболка – пасирани или рендани. Ако гризот е солен, додајте малку сирење или кајмак, павлака или кисело млеко.

Кајгана со сирење или кајмак

На малку путер испржете кајгана, така што ќе остане сочна и мека. Додајте изронет леб и младо сирење или кајмак.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close