Дом и семејство

Три фактори кои одредуваат дали ќе се омажите

Што е она кое што некого го прави материјал за брак? Како изгледа? Како се однесува?

zeneenje1

Во новото истражување објавено во магазинот Social Science Research, научниците го разгледуваат прашањето за веројатноста некоја личност да стапи во брак, на начин на кој што ги анализирале трите карактеристики: физичка привлечност, карактерна привлечност и личната нега.

Се покажало дека вкупниот резултат, заснован на овие три фактори, може да се поврза со одговорот на прашањето дали ќе застанете пред матичар или не!

Биле анализирани податоците од над 9 000 луѓе, а учесниците биле оценувани врз основа на овие три критериуми, користејќи скала од еден до пет.

Дали ве изненадува заклучокот дека колку бил повисок вкупниот резултат, толку била поголема и веројатноста дека таа личност ќе се омажи/ожени.

zeneenje

Значи, што ни говори тоа? Луѓето не се баш толку површни и важна им е комплетната слика кога размислуваат дали моменталниот партнер е оној ’за цел живот‘. Тоа го објаснува она зошто онаа секси фаца со која работите и се однесува како дебил, е и понатаму сингл.

Резултатите сепак покажале и дека овие три црти сепак можат меѓусебно и да се компензираат. Недостатокот од една, може да се намали со присуството на друга“, пишуваат авторите на студијата.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close