Дом и семејство

Фрекфенцијата на која мачката „преде“ е лековита

Мачки, тие снаодливи, блесави, мрзливи и убави сусштества… Многу од нас се луди по нив, а добар дел пак имаат цврст заштитен став според кој не сакаат да им се приближи мачка на радиус од 1 km. Сепак, фактов за кој станува збор е уште еден аргумент во полза на мачките, а богами и наша…

makosaurus

Истражувачите тврдат дека близината на домашното милениче значително го подобрува расположението правејќи нé весели и опуштени. Исто така, тврдат дека членовите на семејствата кои имаат милениче дома генерално се повеќе поврзани и побрзо ги решаваат меѓусебните конфликти.

alt

alt

Покрај тоа, мачките ја надополнуваат нашата потреба за физички допир и галење, што особено им недостасува на постарите и осамените луѓе. Позитивен ефект е забележан и во домовите за стари и изнемоштени лица, како и во психијатриските институции. Од оваа причина се изработуваат и роботи со крзно кои при галење реагираат така што ја нишаат главата и опашката.

Утврдено е дека на пациентите, за време на хоспитализација или по напуштање на болница,

опоравувањето им оди многу побрзо во присуство на животно милениче. Чувањето на милениче им помага и на деца кои имаат симптоми на аутизам. Според истражувањето од страна на австралискиот Медицински Институт за истражување „Бејкер“, спроведено на околу 6 000 испитаници, било потврдено дека луѓето со домачни миленичиња во просек имаат понизок крвен притисок, и дека нивното присуство им го намалува холестеролот во крвта и се соодветно помалку изложени на ризик од инфаркт.

Кога се мачките во прашање, истражувачите утврдиле дека фреквенцијата која ја произведува мачката кога „преде“ го стимулира излекувањето од воспалителни процеси, бидејќи таа фрекфенција го стимулира телото да лачи хемикалии кои го уништуваат воспалителниот процес. Истите фрекфенции, утрврдиле тие, го намалуваат и прагот на болката. На пример, ако мачката е во близина на главата на сопственикот кој има мигрена, нејзиното предење многу брзо ќе придонесе да престане главоболката. Ова го тврдат голем број пациенти! Истото важи и за болки или опоравување од скршеници, лугето кои држат мачка во скут некое време побрзо се опоравуваат!

alt

alt

Веројатно заради овој факт мачките исклучително ретко страдаат  од болести на коските и зглобовите, како и од болести на на срцето и респираторниот тракт и од било што ќе ви падне на памет. Значи ова е научната вистина за легендата на 9-те животи на малката, очигледно е дека тие се способни самите да се лекуваат со своето предење, односно со фрекфенцијата на звукот што го произведуваат кога предат. Истражувачите тврдат дека од ова голема корист можат да имаат и асматичарите бидејчи пациентите кои имале мачка ги намалиле лековите.

alt

А замислете кога би имале една ваква дома! Никогаш никој од семејството нема да се пожали од никаква болка или болест. 🙂

alt

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close