Дом и семејство

Како правилно да ја одржувате машината за перење алишта

Дали сте размислувале да ја исчистите машината за перење алишта? Мислите дека нема потреба? Прочитајте го овој текст, па размислете повторно!

Според истражувањата дури 25 отсто од машините за перење алишта содржат фекални бактерии во трагови, и тоа од нашата облека. Секако, дека нема место за паника – дезинфицирајте и исчистете ја машината во само неколку чекори.

Се препорачува на секои неколку месеци вашата машина за перење алишта да ја исчистите, и тоа не само внатрешноста, туку да се прегледаат и преградите, да се исчистат врата, гумата, па и просторот каде што го ставате прашок. Сепак, најважно е да ја измиете внатрешноста, односно барабанот.
Првиот знак дека машината е нелиста може да биде мирисот. Мирисот може да се биде од разни нешта, на пример од насобан прашок за перење или омекнувач, бактерии од облеката или оставањето на мократа облека да стои долго во машината. Од влагата во затворениот простор може да се создаде мувла.

Но, проблемот е во тоа што само топлата вода со која што домаќинките најчесто ги чистат своите апарати нема да ги убие сите бактерии, особено не оние како што се Ешерихија коли и Салмонелата кои доаѓаат од долната облека и кујнските крпи. Тие бактерии, ако се најдат во машината, можат да се прошират и на останатата облека. Па за да не дојде до тоа, прочитајте како треба да го одржувате вашиот апарат.

Како да ги чистите деловите од машината

Гумата очистете ја со помош на оцет натопен во крпа. Но, треба добро да внимавате и да ги отстраните остатоците од прашокот и мувла, доколку ја има. Преградите во кои стојат прашокот и омекнувачот, доколку е можно извадете ги, и потоа очистете ги убаво со млака вода. Исушите пред да ги вратите во машината. Се советува по секое перење вратичката од барабанот да се држи отворена.

Барабан

Внатрешноста можете да ја очистете со оцет и со сода бикарбона или лимонов сок. Прво проверете дали останало нешто облека во барабанот, можеби некој изгубен чорап испразнете го, па во преградата за прашок ставете две лажички сода бикарбона, а потоа една шолја дестилиран оцет. Затворете ја преградата и вратата од машината. Наместете ја машината на највисоката температура и изберете го најдолгиот циклус на перење кој што го имате на вашата машина.

Машината нека направи цел круг, сода бикарбоната и оцетот потполно ќе ја очистат и дезинфекцираат внатрешноста. Кога програмот ќе заврши и ќе ја исфрли водата, избришете ја одвнатре и оставете ја така отворена да се исуши.

Наместо сода бикарбона можете да користите и сок од лимон

Наместо оцет во преградата можете да ставите и само 1 до 1.5 шолји свеж лимонов сок. На тој начин ќе ја дезинфекцирате машината, но и ќе ги отстраните непријатните мириси и остатоците од прашокот. Ова ќе биде посебно корисно доколку имате проблем со рѓа.

Процесот на чистење треба да го правите на секои три месеци па и почесто, доколку во неа перете мрсна или работничка облека.

Како да се решите од непријатниот мирис на влага

Доколку на облеката чувствувате мирис на влага и по перењето, и покрај тоа што користете убави прашоци, тогаш најверојатно имате проблем во апаратот. За да го отстраните тој мирис ќе ви помогне масло од каранфилче. Ставете 10 капки во барабанот и вклучете ја машината да направи полн циклус на повисока температура.

Вратичката треба да остане подотворена

Од бактериите можете да се решите и со помош на избелувач – кога треба да ги перете белите долни алишта, додајте избелувач и вклучете ја машината. На тој начин ќе ја освежите и избелите вашата бела облека, но во исто време и ќе ги уништите бактериите во машината. За да го спречите понатамошното создавање бактери, настојувајте вратичката да останува подотворена, а не да ја затворате.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close