Новости

ФОТОГРАФИЈА КОЈА НАСМЕА МНОГУМИНА: Внукот на Цеца заспа во продавница- Вељко сподели хит момент!

Малиот Жељко заспа додека пазаруваше со својот татко

Откако се оствари во улогата на татко, боксерот Вељко Ражнатовиќ, синот на Цеца, не се двои од својот син малиот Жељко.

 

Tој на социјалните мрежи често пати поставува фотографии на кои може да се види како тој и сопругата заедносо синчето живеат со љубов и хармонија а овој пат сподели фотографија која го насмеа цел регион.

 

 

Имено тој го зеде својот син со себе во продавница, па сподели еден момент кој насмеа многумина.

 

Синот на Цеца Ражнатовиќ туркаше количка во продавницата, па покажа како неговиот син заспа а оваа глетка разнежни многумина.

– ‘Павам – кратко напиша Вељко.

 

 

Инаку наследникот на империјата Ражнатовиќ, се роди во јуни, а Богдана и Вељко се остварија во улогата на родители.

Бебето го доби името по покојниот татко на Вељко, Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Породувањето било со царски рез, а го извршил докторот кој ја породил Цеца со Вељко и Анастасија.

 

Како што објавија српските медиуми, Вељко присуствувал на породувањето и заедно со својата сопруга го чекале наследникот.

Свадба на деценијата

Вељко Ражнатовиќ се ожени со Богдана Родиќ во ноември минатата година, а пред тоа двојката дозна дека ќе станат родители.

Тој во една прилика откри како се чувствувал по повод „помпата“ која се случи околу неговата свадба.

 

„Сите кога се женат или мажат велат дека било магично. Јас убаво си поминав со најблиските, но мислам дека не сум толку емотивен. Сестра ми и мајка ми плачеа, мене ми беше убаво и тоа е најпрекрасниот ден во мојот живот, но жените тоа го доживуваат поинаку„, рече Вељко.

 

 

Крштевка на Жељко

 

Најмладиот член на семејството Ражнатовиќ, Жељко беше крстен во јули годинава во храмот Свети Сава во Белград, на истото место каде на 24. ноември минатата година се венчаа неговите родители Богдана и Вељко.

 

 

Во строга тајност членовите на семејствата Ражнатовиќ и Родиќ ја организираа крштевката, а едномесечниот Жељко беше крстен од страна на епископот ремезијаски Стефан Шариќ.

 

 

– Поради моменталната ситуација која владее во целиот свет, семејствата не сакаа да го прават овој настан со голем број луѓе па одлучија на самата церемонија, како и на ручекот во ресторан, да се најдат само најблиските членови на семејството. Сметале дека така е најдобро, а сите детали до последен момент ги чувале во најстрога тајност. По желба на членовите на семејството, крштевката е направена на црковниот празник посветен на апостолите Петар и Павле кои се празнуваат во многу градови во Србија. Во попадневните часовои членовите на семејствата Родиќ и Ражнатовиќ пристигнаа во Храмот Свети Сава каде е извршен самиот чин на венчавка.

 

 

Многу емотивно било за двете семејства, посебно што по раѓањето ова е првиот настан во животот на идниот наследник кој го прославуваат. Емоциите во црква не ги криеја ниту Цеца и Анастасија, како ни мајката на Богдана, Даниела која возбудено следеше се што се случува. Кум на крштевката веше повеќегодишниот пријател на Вељко, Никола Вавиќ. Цеца водела смета за сите детали, а бебето во текот на крштевката било многу мирно, и во ниту еден момент не заплакало, изјави за српските медиуми извор добро запознаен за деталите од крштевката.

 

 

Во продолжение неколку фотографии од младите родители и наследникот Жељко…

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close