Новости

Ова е најлошата вест која ќе ја прочитате: Ако е точно залудно е се!

Формирањето на мраз на сибирскиот Арктик значително забави во последните години, а 2020 по 2018 е најлоша година

Научниците предупредија дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не започнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, а засега, ова е најдоцниот период кога мразот сè уште не е формиран.

foto i geografic

Захари Леби , климатскиот научник од Државниот универзитет во Колорадо сподели серија графикони на социјалните мрежи, објаснувајќи дека Арктикот поминува низ историски настан и дека количината на мраз во моментов е најмала количина споредувајќи ги претходните години во овој период.

 

 

„Оваа есен мразот е најслаб, ова е знак дека мора да посветиме внимание на  климатските промени“, рече тој.

Арктичкиот морски мраз обично ја достигнува најниската точка во септември, највисоката во март, а Леби истакнува дека дебелината на морскиот мраз е исто така под просекот, пишува Индипендент.

 

foto the telegraph

Активистите за заштита на животната средина и природата предупредуваат дека недостатокот на мраз не само што е знак на трагични климатски промени, туку дека може да влијае на морскиот живот затоа што мразот носи со себе хранливи материи за арктичкиот планктон.

 

foto art.com

Виновник за фактот дека морето не е доволно студено за замрзнување е невообичаено топлото време на северот на Русија и сибирскиот топлотен бран од пролетта, како и глобалното затоплување.

 

foto globus.2

Формирањето на мраз на сибирскиот Арктик значително забави во последните години, а 2020 по 2018 е најлоша година.

Научниците предвидуваат дека до 2050 ќе дојде до топење на сантите мраз. Повеќе песимистички, беше тврдено од некои научници дека сантите мраз ќе исчезнат некаде во средината на 2008, предвидување кое очигледно не се исполни.

 

foto profimedia

На 15 декември 2008, научниците излегоа со тврдење дека топењето на сантите мраз ќе почне некаде во 2014.

Морската длабочина на Северниот Пол  изнесува околу 4261 метри. Најчесто се вели дека најблиското копно е островот Кафеклубен, одалечен околу 700 км од северниот брег на Гренланд.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close