Новости

Илма Карахмет се омажи млада, а сега открива како и е во бракот: Љубов, трпение, доверба тоа е се што ми треба!

Таа се омажи на 18 години со својот избраник Седин

Сигурно го паметите малото девојче Илма Карахмет која го освои регионот со својот глас. Таа постигна голема популарност благодарение на натпреварувачкото шоу „Х Фактор Адрија“.

Илма доаѓа од Кисеjак,и  стана омилена на целиот регион кога излезе на сцената и започна да пее. Сите беа изненадени од нејзините вокални способности но, Илма иако беше фаворит не успеа да ја однесе победата.

 

Од тогаш поминаа скоро седум години, Илма се посвети на образованието, учеше и работеше напорно, за да го постигне она за што отсекогаш сонуваше.

После тоа, таа се пријави на ново шоу за таленти наречено „РТЛ Звијежде“, без да погреши, и таму ја однесе победата.

Таа во секое интервју вели дека најголема поддршка освен семејството е нејзиниот сопруг Седин Лакача.

 

– Откако сум во брак, животот ми стана многу полесен. Јас и сопругот сме доста организирани и водиме сметка за сè, особено кога станува збор за мојата работа и заедничкиот живот. Благодарна сум на сопругот за сè, а особено за неизмерното внимание, љубов, искреност и поддршка во работата што ја работам, тој е секогаш тука за да ми помогне. Оние кои го следеа тоа шоу можеа да видат каква поддршка имав од него за време целиот натпревар, и во приватниот живот е така. Неговата поддршка ми значи многу, и некако сè оди полесно кога сме заедно – рече Илма во последното интервју за Azra.ba.

 

Пред неколку дена, Илма на Инстаграм сподели нова фотографија со нејзиниот сопруг и уште еднаш покажа колку е голема нивната љубов и колку таа ужива со него.

„Љубов, почит и доверба“, напиша таа кратко под фотографијата.

Инаку таа денес има 20 години, а со Седин се омажи пред две години во Сараево.

 

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

 

Оваа информација изненади многумина кои слушнаа дека Илма се омажила, а таа вели дека нејзиниот сопруг денес и е најголема поддршка.

„Се омажив од љубов и на секого би му посакала да биде среќен како јас. Тој секако, покрај моите родители, ми ја дава најголемата поддршка, бидејќи сум жена и неговата машка рака ми треба“, откри Илма.

Илма е многу активна на социјалните мрежи и постојано објавува видеа и фотографии со кои ги воодушевува фановите.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

Во продолжение погледнете во каква убавица порасна малото талентирано девојче.

 

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

 

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

 

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

 

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

 

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

 

 

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

 

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

 

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

 

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close