Кафе муабет
Јелена Ѓоковиќ го слави 36-тиот роденден: Не ја симнува насмевката а еве каква порака напиша- сите се прашуваат што се случило
Среќна е и задоволна...
Сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ денеска го слави својот 36-ти роденден, па по тој повод објави интересна фотографија на Инстаграм.
Имено, Јелена со своите следбеници сподели дека е родена во ист ден со хрватската писателка Весна Крмпотиќ и сподели цитати од нејзината книга.
-На денешен ден пред 36 години се родив јас, но и прекрасна жена која повеќе не е меѓу нас – Весна Крмпотиќ која зад себе остави прекрасни книги кои ги читав со многу љубов, внимание и благодарност. Инспирирана и со воздишка… прекрасна Весна.
Еве ги стиховите што сакам да ги споделам со вас денес од нејзината неверојатна книга 108 × 108.
„Не треба ништо да правите, напротив, не треба да правите толку многу. Тоа е вашата најважна работа, вашата најдинамична акција: да не правите многу од она што го правите. Толку многу зборови што сте ги кажале ќе се слушнат кога ќе замолчите. Запрете го чекорот, запрете ја помислата на движење; престанете да се движите, престанете да сакате да се движите. И во тишината на таа станица, станете свесни како патиштата го менуваат правецот од секаде – веќе не водат од вас, туку до вас – напиша Јелена во описот на фотографијата што ја објави, на која позира покрај базен со насмевка и кренати раце.
Инаку Јелена е голема поддршка на својот сопруг. Низ сите спортски успеси, Новак е придружуван од сопругата Јелена Ѓоковиќ со која е од тинејџерските години.
Тие се запознале додека биле уште во средно училиште, летото 2005 година, кога Новак немал поим дека ќе стане еден од најдобрите тенисери во светот.
Ги поврза разговор за спортот, бидејќи тогаш Јелена се занимавала со атлетика.
Новак тогаш имал 17 години и само што почнал да плива во професионалните води, а Јелена е 11 месеци постара од него.
Тенисерот еднаш откри дека прво го привлекла насмевката на неговата сопруга, но истакна дека е благодарен што тие двајца се заљубиле пред да се случат неговите големи успеси.
„На прв поглед ме освои со насмевка. Секако, изгледот е секогаш прв кој доаѓа до израз, но за љубовта е потребно многу повеќе. Јелена беше искрена од првиот момент и фала му на Бога што се запознавме пред да постигнам голем успех затоа што знам дека е со мене поради мене, поради Новак, поради детето кое го запозна на 17 години. Таа е мојата најголема поддршка, таа е способна, амбициозна и силна. Најмногу ми се допаѓа искреноста кај неа, тоа не прави среќни“, изјави Новак.
Скарана е со свекрвата…
Неодамна во медиумите излезе и веста дека по триумфот во Рим, Новак Ѓоковиќ решил да се посвети на средување на семејните односи, а со тоа да стави крај на конфликтот меѓу сопругата Јелена и мајката Дијана.
Имено, Новак Ѓоковиќ ја услови Јелена што поскоро да и се извини на мајка му, исцрпен од семејната ситуација и несогласувањата кои траат предолго.
-Новак не сакаше да се меша во нивната врска мислејќи дека тоа е само фаза низ која минуваат. Бидејќи работите не се сменија, Новак одморот ќе го искористи за да ги смири Јелена и Дијана, бидејќи се отиде предалеку. Откако Дијана во една емисија изјавила дека им дозволува на внуците да јадат сè, Јелена му испратила на Новак клип од шоуто, велејќи дека е непримерно Дијана да зборува така во јавноста. Новак тогаш и рекол дека и таа мора да ја спушти топката и дека би било убаво двете да седнат и конечно да разговараат –истакна извор за „Стар“ и додаде:
– Јелена пред две години кажа нешто што многу ја повреди Дијана и Ноле смета дека треба да и се извини за тоа, за да продолжат без срам. Тој и нагласил на Јелена дека не му треба притисок и дека може да имаат проблеми доколку двете не се помират, бидејќи не сака да избира меѓу мајка и сопруга. Јелена беше изненадена што овој пат не застана на нејзината страна.
Останува да видиме дали конечно ќе се реши конфликтот меѓу свекрвата и снаата и ќе го растерети тенискиот ас.