Кафе муабет

ОСЛАБЕ ДУРИ 20 КИЛОГРАМИ – ПЕЈАЧКАТА НИНА БАДРИЌ ИЗГЛЕДА КАКО ПРАВА БОМБА, ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ИСФРЛИ ОД ИСХРАНАТА

Пејачката никогаш не изгледала позгодно...

Пејачката Нина Бадриќ оваа година го прослави својот јубилеен 50-ти роденден. По тој повод таа направи голема прослава на која ги собра пријателите, колегите и семејството. Од фотографиите кои постојано ги споделува на своите социјални медиуми може да се заклучи дека годините на пејачката не и’ можат ама баш ништо!

фото: Инстаграм Нина Бадриќ

Она што е интересно и може да се забележи на последните фотографии е нејзината промена во тежината. Имено, пејачката се пофали дека успеала да ослабе дури 20 килограми, па така од 83 сега својата форма ја доведе до совршени 63 килограми.

фото: Фејзбук Нина Бадриќ

КОЈА Е ТАЈНАТА ЗА СОРШЕНА ФИГУРА НА НИНА БАДРИЌ?

Нина Бадриќ се пофали дека ослабе 20 килограми откако од нејзината исхрана го исфрлила МЕСОТО. Таа иако важи за еден голем гурман кога сфатила дека не може да ги симне вишок килограмите се одлучила на драстична промена.

фото: Фејзбук Нина Бадриќ

-Престанав да јадам месо и се случија големи промени во мојот организам. Конечно сум задоволна со килограмите, и многу добро се чувствувам. Порано, кога јадев месо, спиев по 2 часа, бидејќи се чувствував уморно. А сега сум одморена,мила и весела. Дури и масажерката ми кажа дека тонусот на кожата ми е подобар. Баш сум задоволна – изјави Бадриќ.

фото: Инстаграм Нина Бадриќ

Поп-ѕвездата признава дека на почетокот и’ било тешко, но сега не може да поверува дека некогаш јадела храна од животинско потекло:

-,, Не ми беше лесно, затоа што бев навикната да јадам месо и месни производи. Но , кога после неколку дена видов дека се чувствувам здраво и дека имам многу повеќе енергија, потребата и желбата за месо исчезнаа’’, вели Бадриќ.

фото: Фејзбук Нина Бадриќ

ШТО ЈАДЕ СЕГА НИНА БАДРИЌ?

Нина вели дека сега повеќе од секогаш на нејзиното мени има здрави наминирници.

Ова јаде Нина Бадриќ:

Доручек: Овесни снегулки со овошје; Ручек: Грашок и шопска салата; Вечерa: Потаж од брокула;

ТРИК СОВЕТ: Нема волшебно стапче, потребно е да се менува исхраната, да се вежба и да се биде упорен!

фото: Фејзбук Нина Бадриќ

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close