Кафе муабет

Откриени нови детали за аферата во “Гранд”: Првиот пат е бесплатно а потоа бара мито, во се е вмешан и Саша Поповиќ?

Душан тврди дека барале пари од него...

Изминатава недела актуелна во медоимите е приказната на кандидатот на „Ѕвездите на Гранд“ Душан Вукадиновиќ дека пејачката Снежана Ѓуришиќ му барала пари за да помине во следниот круг на натпреварувањето, како и тоа што наводно тоа било договор со поранешниот директор на „Гранд“ , Саша Поповиќ.

фото принтскрин

Саша Поповиќ по овие гласини демантираше се, додека Снежана Ѓуришиќ најави тужба против поранешниот натпреварувач на кој му беше ментор.

Фото Инстаграм/Снежана Ѓуришиќ

Таа истакна дека својата работа ја работи одговорно и посветено а ја поддржаа и останатите колеги кои се членови на жирито.

Фото Инстаграм/Снежана Ѓуришиќ

Душан сега реши да проговори и ја раскажа својата страна на приказната.

фото принтскрин

– Мене не ми бараше пари, директно и бараше на мајка ми, на мене индиректно. Сфатив од нејзината приказна: „Не го правам ова за џабе“, рече таа. Уште на нашата прва средба преку видео повик, таа рече: „Сето ова го добивате бесплатно“. Потоа рече: „Првиот пат е бесплатно“ – ја започна приказната за Мондо Душан.

фото принтскрин

– Не можам да кажам колку барала бидејќи мајка ми не ми кажа колкава е цифрата, сигурно била некоја сума. Директно и кажала на мајка ми дека бара пари. Сега колку бараше, навистина не знам колку мислеше дека ќе и дадеме – вели Вукадиновиќ.

Фото Инстаграм/Снежана Ѓуришиќ

Душан вели дека му паднало чудно кога Снежана наводно ја барала мајка му додека биле на проба.

– Таа виде дека добро се подготвив. И добро ме малтретираше. Јас пеам две песни “Ti za ljubav nisi rođene” и  “I tebe sam sit kafano” а таа рече дека пејам многу добро. Пред тоа вели: Каде е мајка ти. Се прашувам што ли прашува за мајка ми. Чудно ми е што ја бара мајка ми. Следниот ден се подготвуваме за пробата. Другиот пар бевме јас и девојката, излегувам, гледам дека матрицата не е она што беше претходната вечер. Нема шанси да не пеам добро. Почнувам да пеам, не знам каде сум, како да сум пратен во НАСА, мојот глас не е мојот глас. Некој го измислува ова, па прекинувам и ги раширувам рацете и се слушаат гласовите на мајка ми и снаа ми. Што е ова со Душан, ова не е тој, што му прават. Одам кај мојот ментор – ја раскажува Душан својата верзија на приказната, обвинувајќи ја продукцијата дека му поставила погрешна матрица.

Фото Инстаграм/Снежана Ѓуришиќ

Вукадиновиќ е уверен во своето пеење и точноста на отпеаните тонови:

-Јас само ја кажувам вистината, ако тоа е навреда за неа. Завршив основно музичко училиште, и нема шанси да фалширам, се обидуваа да ме наместат – продолжи Душан, кој побара од Снежана да ја спушти матрицата затоа што ќе фалшира.

Фото Инстаграм/Снежана Ѓуришиќ

-Додека се сликавме слушам како некој вика, трчам низ ходникот и ја гледам мајка ми како седи, а Снежана клечи. Слушам како разговара со мајка ми на повишен тон. Снежана се врти и ми вели: Не ти е тебе тука местото, оди таму. Повторно велам, таа е постара жена, може да ми биде мајка, баба- заклучи Душан, кој се сомнева дека и Поповиќ е вмешан во се:

Фото Инстаграм/Снежана Ѓуришиќ

-Не ми е јасно зошто барала пари, можеби има договор со Саша Поповиќ. Можете да погодите кој ги дал парите, оние кои се гушкаат кога нивниот кандидат ќе победи. Зошто не ме праша мене, туку мајка ми, се прашувам и јас. Ајде да видиме ако нека има тужба не се плашам од ништо – рекол Душан.

Фото Инстаграм/Снежана Ѓуришиќ

По ова се огласи и Саша Поповиќ кој истакна дека ова обвинување нема да му наштети на Гранд.

ФОТО: Саша Поповиќ / Инстаграм

– Дамка нема да остане во Ѕвездите на Гранд, бидејќи тоа апсолутно не е точно. Да не беше смешно ќе беше тажно. Снежана Ѓуришиќ е 10 години во жирито на „Ѕвездите на Гранд“. Да ја обвини некој дека бара пари за момче да помине е таква глупост. Снежана ми се јави веднаш по првиот текст, моментално е во Италија и ќе дојде во сабота. Ме праша дали е можно такви луѓе да измислуваат такви работи. Ова е прв пат по 20 години некој да каже дека член на жирито бара пари за да продолжи понатаму – рече Поповиќ и додаде:

ФОТО: Саша Поповиќ / Инстаграм

-Тоа момче беше на аудиција во Подгорица и го пуштив на самото натпреварување бидејќи мислев дека е добар. Иако баш сега го гледав тоа видео од аудицијата во Подгорица каде постојано му се заглавуваше нешто во грло додека пееше. Тогаш го прашав што не е во ред со твојот глас, Душан. Ми кажа дека бил болен пред три дена и му кажав дека е добар и дека оди понатаму. Дојде првиот круг и доби пет гласа, ја избра Цеца. Цеца се откажа од него и рече дека го поддржува, но дека некој друг подобро ќе го подготви. Ја избра Снежана, која со задоволство го прифати Душан – истакна Поповиќ.

ФОТО: Саша Поповиќ / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close