Кафе муабет

Повеќе не се кријат од јавноста: Оваа фотографија од Севиља изненади многумина- “врие” од коментари на социјалните мрежи!

Тие се среќно заљубени...

Наследничката на Цеца нешто помалку од една година ужива во љубовта со своето момче, фудбалерот Немања Гудељ во кој нашла се што отсекогаш сакала, а дека нивната љубов успешно се спротивставувала на сите предизвици, па дури и на семејните конфликти кои ги полнат страниците на весниците, сведочи најновата фотографија на Анастасија Ражнатовиќ и Немања.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Имено, Анастасија моментално престојува во Шпанија со својот избраник, а судејќи по објавите на социјалните мрежи, парот никогаш не бил позаљубен.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Секој слободен момент го користат да го поминат заедно и речиси никогаш не се разделуваат, па по Светското првенство во Катар, каде Таша беше најверниот навивач на Немања, кратко време поминаа во Белград, а потоа заминаа во Шпанија каде таа е чест гостин.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Според пишувањата на медиумите, Гудељ дури почнал да ја учи својата девојка шпански, па очигледно е дека планираат заеднички живот во блиска иднина.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Дека нивната врска станува се постабилна покажува и фотографијата на Анастасија и Немања Гудељ од Севиља, на која позираат видно расположени, среќни и убави.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Споменатата фотографија секако собра многу лајкови на социјалните мрежи, а за изгледот на вљубената двојка имаше бројни коментари, а сите се согласуваат дека Таша блеска покрај Немања кој се труди на секој начин да и угоди.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Се чини дека парот успеал да ги надмине сите предизвици и несогласувањата за кои пишуваа медиумите.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Иако се шпекулира дека мајката и сестрата на Гудељ не се баш среќни поради неговиот избор, сепак Немања е лудо заљубен во својата девојка и очигледно е дека планираат врската да ја подигнат на повисоко ниво.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Фановите очекуваат наскоро Таша и Немања да стапнат на лудиот камен, но што ќе се случи останува да видиме со текот на времето.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close