Дом и семејство

Што се случува со нив: Јована Пајиќ и Сале Тропико фатени заедно- по одлуката за развод тие се смирија?

Тие го славеа роденденот на ќерката Хелена...

Пејачката Јована Пајиќ и нејзиниот поранешен сопруг Александар Цветковиќ, попознат како Сале Тропико минатата година ги шокираа фановите со нивната одлука за развод по десет години брак.

фото инстаграм/Јована Пајиќ

Иако важеа за еден од најхармоничните парови, сепак Јована и Сале решиле да се разделат но да останат во добри односи поради своите деца.

фото инстаграм/Јована Пајиќ

Имено парот имаше и посебна причина за славење а дека одлично се согласуваат и по разводот доказ се и фотографиите кои осамнаа во медиумите.

фото инстаграм/Јована Пајиќ

Нивната постара ќерка Хелена славеше роденден. Двајцата и честитаа на социјалните мрежи, а потоа решија денот да го поминат заедно.

фото инстаграм/Јована Пајиќ

– Денеска е прекрасен ден за мене, роденден и е на ќерка ми! Среќен роденден, моја посебна девојко – напиша Јована.

фото инстаграм/Сале Тропико

Ниту гордиот татко не можеше да ги сокрие емоциите па сподели фотографија од својата прва ќерка и порача: Среќен роденден љубави.

фото Србија Данас

Сите биле видно расположени, а Сале и Јована одлично се сложувале и биле многу блиски.

фото Србија Данас

Ова е првпат заедно да се појават во јавност по приказната за разводот, а сега многумина се прашуваат дали можеби дошло до помирување меѓу нив.

Освен нив, имаше и други членови на семејството и пријатели кои дојдоа да и го разубават денот на младата Хелена, а Јована и Сале срдечно ги пречекаа и ги угостија.

фото инстаграм/Јована Пајиќ

Да потсетиме, кога во медиумите зборуваа за крајот на бракот и двајцата изјавија дека останале добри пријатели и дека не сакаат нивните ќерки да страдаат поради тоа.

фото инстаграм/Јована Пајиќ

Но иако разводот се случи мирно и без никакви расправии Јована беше таа која ги спакува куферите и го напушти семејниот стан со ќерките, додека со Сале се договори за заедничко старателство.

фото инстаграм/Јована Пајиќ

Здравствената состојба на Јована Пајиќ беше многу лоша по одлуката да се раздели со музичарот, а на својот „Инстаграм“, профил откри дека минатата година била предизвикувачка и полна со болни соочувања за неа:

фото инстаграм/Јована Пајиќ

– Оваа година беше ролеркостер на мојот живот. Многу тешка, полна со предизвици и промени. Болни и тешки соочувања пред се со себе. Здравствени проблеми, како последица на сето горенаведено.
Она што го посакувам за сите, но и за себе, е да не се спротивставувате. Да си дозволите да излезете од сопствените граници, оклоп и познати програми. Не е лесно, но потребно е, верувајте. Живејте го вашиот најдобар живот, споделете ја вашата среќа и радувајте се на туѓата. Пофалете, поддржете и издржете! Ве сакам – напиша пејачката на почетокот на годината.

фото инстаграм/Јована Пајиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close