Дом и семејство

Еве зошто Холандските мајки се најопуштени и најсреќни во светот- ова дефинитивно им е потребно на сите родители!

Овие мајки имаат време за се...

Последната студија спроведена од УНИЦЕФ покажа дека децата во Холандија се најсреќни во светот, а нивните мајки се најзадоволни и најопуштени.

foto stuffdutchpeoplelike.com/

Австралиецот Михал Гринер, кој веќе седум години живее во Холандија, смета дека холандските мајки се најопуштени во светот.

 

foto stuffdutchpeoplelike.com/

Најдобро од сè, пишува Гринер, е тоа што работата со скратено работно време ја практикуваат повеќе од 70% од холандските мајки. Значи, тие сè уште заработуваат и се посветуваат на работата, но исто така имаат време да пијат кафе со своите пријатели.

Тешко е да се сретне мајка во Холандија која лесно се нервира и го крева гласот, пишува Вашингтон пост. Холанѓанките како да уживаат во детското друштво и семејните активности. Во исто време, како да нема социјален натпревар и грижа за тоа што мислат соседите за вас и дали вашата роденденска забава ќе ги импресионира гостите – обично се организира мала прослава дома, а подароците се скромни.

Нема мерење на туѓа облека и „брендирање“ во училиштата.

foto stuffdutchpeoplelike.com/

Она што го привлече вниманието на оваа мајка е тоа што на децата не се гледа како одраз на нивните родители, па затоа родителите не чувствуваат толку голема одговорност за успесите и неуспесите на своите деца.

foto stuffdutchpeoplelike.com/

Во оваа земја не се става акцент на тоа кога некој „отскокнува“, дури и децата не растат под притисок да бидат извонредни. Нема многу домашни задачи, но децата можат да играат и да бидат независни од рана возраст.

Мајките во Холандија не се принудени да избираат помеѓу губење на идентитетот поради мајчинството и работното време што не им дозволува да го видат своето семејство.

Државата обезбедува одлични услови за родители – бесплатни училишта, прогресивна здравствена заштита, парична помош.

Сепак, важна карактеристика што им овозможува на холандските мајки да ги зачуваат нервите кога нивните деца имаат нaaпади на лутина е успешната контрола на емоциите што се чини дека се всадени во нивната ДНК. Контролирањето на емоциите е нешто што се стекнува во Холандија како дел од културата и е многу корисно кога е потребно да се покаже трпеливост кон децата, заклучува таа.

Тие дозволуваат нивните деца да бидат деца

 

Верувањето во слобода и независност е основен принцип во холандското родителство. Родителите во Холандија веруваат дека да се воспитува дете е да се пушти само да оди низ животот. На холандските бебиња и мали деца им е даден простор и време да ги негуваат своите „независни животи“.

Можеби холандските деца на моменти изгледаат диво и слободно, но оваа слобода всушност култивира и помага да се создадат многу независни деца. Нешто за кое сите посакуваме!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close