Дом и семејство

Како да ги отстраните пестицидите, хемикалиите и бактериите од храната која што ја јадете

Пред да почнете да го чистете овошјето и зеленчукот најпрво потребно е да ја исчистете работната површина и приборот за чистење, како и добро да ги измиете рацете со сапун и топла вода.

Доколку приборот не е чист, бактериите од површината на сировата храна можат да дојдат во внатрешноста за време на сечењето или лупењето. Овошјето и зеленчукот за да биде безбедно за јадење, потребно е да се измие убаво како би се решиле од сите бактерии и хемикалии кои се наоѓаат на површината, а миењето само под млаз вода често не е доволно.

Зелените салати треба да ги раздвоите и да ги натопите листовите во вода неколку минути. Потоа да се исцедат и да се повтри истата постапка. Водата ќе биде доволна за зеленчукот од органско потекло, но, доколку не сте сигурни во методата на одгледувањето, тогаш вклучете и миење со оцет.

Измешајте две шолјички вода со пола шолја дестилиран бел оцет и во мешавината ставете ги листовите да постојат пет минути, па измијте со чиста вода. Потоа сушете со чисти кујнски крпи.

На овој начин се намалува (но не сосема) присуството на бактериите, а оцетот делумно може да влијае на текстурата и на вкусот на храната.

Брокулите и карфиолот треба да се потопат во студена вода околу минута-две пред да ги измиете или во комбинација со оцет и вода. Зеленчукот и овошјето со подебела кожа како патлиџан или манго, потребно е пред миење да ги исчеткате со четка наменета исклучиво за сирови намирници.

Потребно е да се измие и овошјето кај кое не се јаде кората, како на пример лубеници и дињи, како бактериите од површината не би дошле во месото на овошјето за време на сечењето. Повеќето бактерии ќе се задржат  на остатоците од земјата со која некои овошја и зеленчуци можат да бидат прикриени. Во тој случај потребно е да ја измиете намирницата со силен млаз вода, потоа добро да ја истриете, па дури тогаш да ја приготвите за јадење.

Покрај оцетот, против пестициди и бактерии делува и комбинација од сол и лимонов сок. Наполнете го садот со вода и додадете една лажичка сол и сок од еден лимон. Ставете ја во течноста саканото овошје и зеленчук и оставете да отстои 10 до 15 минути.

Потоа измијте под млаз вода, осушете и послужете.

Домашен спреј за отстранување на хемикалиите

Зеленчукот и овошјето може да се измие и со помош на спреј кој е многу едноставен за подготовка. Купете едно шише со распрскувач и измијте го. Ставете во него една лажичка цеден сок од лимон, две лажички оцет и 250 мл вода. Добро затворете го и жестоко промешајте како состојките би се соединиле.
Потоа зеленчукот и овошјето треба да ги испрскате со таа мешавина, да пуштите да делува десетина минути, па да измиете со млаз студена вода. Со чиста крпа или кујнски крпа избришете пред лупење и сечење. Откако ќе ги измиете, вкусот и мирисот од оцетот нема да се чувствува.

Најмалку да се третираат треба кељ, патлиџан, карфиол и ананас.

Внесувањето на овошје и зеленчук третирани со пестициди можете да го намалете со купување на органски произведени храна, но тоа за многумина е финансиски неприфатливо.

Но, и органската храна треба добро да се мие. Сепак, бидејќи органската храна на многумина не им е достапна пестицидите можете да ги намалите и со внесување на намирници од листата на „најмалку загадени со пестициди“ од страна на Американската задруга на потрошувачи.

Во тој список влегуваат кељ, лук, шпаргли, патлиџан, диња, карфиол, манго, киви, авокадо, ананас и цитрон.

Кај аргумите, пак, потребно е и дополнително внимание, па не е препорачливо да се користат цели (на пример, рендана лимонова кора или кора од портокал за подготовка на колачи) доколку не сте сигурни во нивното потекло.

Рецепт на Џулија Робертс за отстранување на пестициди

Славната холивудска актерка Џулија Робертс во една емисија на Опра Винфри сподели рецепт за спреј за отстранување на пестициди од овошјето и зеленчукот којшто го користи и којшто без проблем можете самите да го направите дома.

Спрејот може да се употреби за поголемиот дел од овошјето и зеленчукот, а најтопло ви препорачуваме исто така да ги миете и агрумите и бананите (пред да се излупат).

Состојки потребни за да се направи спрејoт: 1 чаша вода, 1 чаша бел алкохолен оцет, 1 мала лажичка сода бикарбона.

Упатство: Измешајте ги состојките и течноста ставете во соодветен стаклен сад со распрскувач за да можете да ја користите како спреј. Испрскајте убаво, оставете да делува 5 до 10 минути,а  пота измијте со млаз вода. Овошјето прскајте го од сите страни.

За поголемо количество на овошје подгответе сразмерно поголема количина на течност и ставете ја во соодветен сад во кој ќе го ставите и овошјето.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close