Кафе муабет

Преноќував во казинo, прокоцкав цел стан: Дарко Лазиќ искрено за пороците- пејачот откри колку недвижнини поседува сега, еве што планира да и подари на Ката

Минатото е зад него...

Пејачот Дарко Лазиќ во последно време е во центарот на вниманието поради врската со неговата девојка Катарина а сега за прв пат јавно прозборе и за минатото и пороците.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Пејачот во својата исповед реши да проговори за тоа што го натерало да ги остави пороците и да се смири.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Луѓето нон-стоп сакаат да ми закачуваат проблеми и скандали на врат, а јас сум уморен да ги демантирам. Последна во низата беше онаа за долгови. Никогаш не сум земал пари однапред за тезга. А ако се случеше, како што велат, да ги земам парите однапред и да не се појавам, ќе ги вратам следниот ден. Секогаш добивам пари кога ќе заврши тезгата. Имав здравствени проблеми, не знам кој е човекот што ме намести. Зад мене стои сериозна компанија, ние сме професионалци и не дозволуваме да се случуваат такви работи – вели Дарко и продолжува:

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

-Што се однесува до коцкањето, јас веќе го немам тој порок. Порано знаев да преноќам во казино и да го прокоцкам станот! Зборувам за периодот кога бев многу помлад. Не морав да одам на рехабилитација, но ми требаше долго време да сфатам дека тоа води во пропаст. Тешко е наеднаш да се пресече, мора да си карактер за тие работи. Може да изгубите се и дури тогаш да сфатите дека можете да живеете без коцкање.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Лазиќ вели дека и покрај тоа што се коцкал, не останал без недвижен имот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Обезбеден сум што се однесува до недвижнини, имам неколку станови во близина на Белград, но не сакам да живеам таму. Заработувам доволно пари откако почнав да се занимавам со овој бизнис. Имам две куќи во Брестач, недвижен имот во Белград. Пороците и распуштениот живот се зад мене. После триесет човек некако сам се смирува и мислам дека полека влегувам во таа фаза. Пробав сè, ја ставив главата во кеса, пиев, но сега се вртам кон мирот и семејниот живот. Мислам дека и кај мене можете да ја видите разликата. Од кога сум со Ката не се сеќавам кога сум се напил некаде во кафеана. Сега најдобро ми е да нарачаме храна заедно и да гледаме филм. Уште поубаво е кога доаѓаат моите деца, па заедно уживаме – изјави пејачот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Дарко вели дека ќе ја изненади Ката со луксузен стан во Нови Сад бидејќи сега живеат под кирија бидејќи како што вели не сака да живее ниту во Белград ниту во Брестач.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Целта ми е да почнеме од нула со Ката, да изградиме нешто свое и мислам дека, засега, тоа е во Нови Сад. Не сакам да се враќам на места кои ме потсетуваат на поранешните. Никој не знае дека веќе планирам да ја изненадам Ката со стан. Тоа ќе биде мојот подарок за неа. Сега чекаме да заврши зградата. Таму ќе се гушкаме. Не сакав да живееме во стан од 50 квадрати. Ова што сега го земам чини цело богатство, ќе имаме над 100 квадрати – вели Дарко и додава:

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Кога ќе дојдат моите деца, Ката ги третира како да им е втора мајка. Нејзината сестра има две деца, мајка и е учителка и знае како да се однесува со децата. Таа се грижи за моите кога ќе дојдат, и се надевам дека еден ден ќе имаме свои. Сега таа замислува брак само со мене. Катарина се снаоѓа во кујната како да е родена таму а луѓето мислат дека е само една фитнес инструкторка која нема поим од животот. Сите тие имаат предрасуди кон нас, но сите ќе ги убедиме дека работите се поинакви.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

-Каќа секогаш вели дека ништо не се сменило меѓу нас откако се запознавме. Се познаваме повеќе од 10 години, нашите семејства се познаваат и меѓу нас секогаш имало симпатии. Одамна бевме во врска, сега после толку време ја обновивме. И двајцата сме разведени, па решивме да и дадеме уште една шанса на нашата љубов. Гледам дека сега ми се смеат зад грб и велат дека ова со Ката нема да трае. Велат дека таа за мене е само уште една во низата, но ќе покажам дека тоа не е вистина. Можат да се смеат до утре, знам дека дојде нашето време!, истакна Дарко.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close