Дом и семејство

По целата драма што и ја приреди поранешниот сопруг Тања Савиќ конечно среќна: “Имам момче, заљубена сум”

Емотивно е исполнета...

Јавноста е запознаена за агонијата низ која минуваше пејачката Тања Савиќ кога се бореше за старателство над децата, синовите Максим и Ѓорѓе.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Тогаш таа тврдеше дека сега веќе поранешниот сопруг не и дозволува да ги гледа децата, а јавноста беше запознаена со секој чекор на пејачката која направи се за повторно да биде со синовите.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Таа сега откри каков однос има со поранешниот сопруг Душан Јованчевиќ.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Максим и Ѓорѓе редовно разговараат со Јованчевиќ, а како што вели и таа би сакала да биде во контакт со него, но тој упорно одбива.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Тања откри дека неодамна се соочила со ситуација кога била приморана да разговара со Душан но и тогаш не добила одговор од него.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Во училиштето во кое одат синовите и побарале извод од матичната книга на родените, што таа го побарала од Душан, но и тогаш тој ја игнорирал.

фото инстаграм/Тања Савиќ

На прашањето дали нејзините деца би сакале да се вратат во Австралија, пејачката додаде дека не верува во тоа, но дека би сакале да го видат и дека таа нема проблем со тоа, иако тој треба да одговара на суд.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

– Нека стиска заби и нека дојде, сето тоа е дел од животот – додаде таа.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Пејачката сега призна и дека е заљубена.

фото инстаграм/Тања Савиќ

– После сите мачни години и се низ што поминав, мислам дека конечно заслужувам да го живеам животот во потполност. Емотивно сум исполнета, но не би открила за кого се работи – изјави пејачката за „24седум“.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Инаку според медиумите, пејачката Тања Савиќ многу порационално ги троши парите откако поранешниот сопруг ја оставил без ништо.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Откако почувствувала што значи да се има па да се нема, пејачката ги намалила трошоците на минимум, дури и кога се во прашање нејзините синови Максим и Ѓорѓе, пишува Стар, пренесува Информер.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

– Кога имаше многу, трошеше многу. Пред две години, кога Душан буквално ја ограби, таа повторно почна од нула. Секој настап, секој заработен динар и е важен. Пред короната нејзините деца одеа во приватното меѓународно училиште во Сењак, каде што посетувале настава на англиски јазик. Тања скапо го плаќаше тоа училиште на годишно ниво, но не и беше жал бидејќи инвестираше во своите деца и нивното знаење. Нејзиниот сопруг Душан тогаш не сакаше да слушне нивните деца да одат во државно училиште, туку го бараше само најдоброто за нив- откри неодана извор близок на Тања.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

– Сега кога децата се сами со неа и кога таа сама одлучува за нивниот живот, Тања го откажа приватното училиште за да ги намали трошоците. Ги запишала во државно училиште во Смедерево, каде што живеат. Таму се сите деца од соседството, а можат даодат и пешки до училиште, што за Тања многу значи. Сите во Смедерево ги знаат, па некако и е полесно, бидејќи во Белград постојано беше под стрес. Децата не се жалат, не им е важно каде одат на училиште, а Тања знае дека тоа што им е блиску не ја чини ништо. Сепак, таа мора да ги врати сите изгубени пари за да може повторно да инвестира во нови песни и спотови. Не и е лесно, се разбира, но се бори најдобро што може. Душан полудел кога слушнал дека децата одат во државно училиште, но бидејќи не можел да стори ништо од Австралија, така останало – открил изворот.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Без оглед што децата и се доделени, нејзиниот сопруг Душан се уште не мирува – не бира начини за да и наштети и повторно да и ги земе синовите, и сето тоа го прави од Австралија.

фото инстаграм/Тања Савиќ

– Душан отворено призна дека ќе се труди да ги врати децата дома, а тоа сега наводно и го прави.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close