Кафе муабет

Најмладиот Живојиновиќ го напушти семејниот дом: Виктор се пресели во стан вреден 700.000 евра- нема да верувате кои му се први соседи

Овој стан го доби на подарок од родителите...

Најмладиот син на Боба, Виктор Живојиновиќ од родителите доби вреден недвижен имот, во населбата Вест 65 во Нов Белград кој вреди околу 700.000 евра.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

– Виктор се всели во станот, иако не е целосно уреден. Се заразил со корона, па решил да се изолира во новиот стан. Планирал на лето да ја напушти семејната вила на Бежанијска коса, но поради короната решил порано да ги спакува куферите. Не му пречи што работите се уште се во тек бидејќи не оди никаде. На негова адреса се доставува храна, а тој се слуша со мајка му и татко му неколку пати на ден – вели извор близок на Живојиновиќ.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

Изворот близок на семејството за Информер.рс  открива како изгледа новиот стан на најмладиот Живојиновиќ и кои ќе му бидат првите соседи:

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

– Брена и Боба избраа стан од 140 квадрати за Виктор, за кој платија дури 700.000 евра! Интересно е тоа што, тие ќе му бидат првите соседи! Брена и Боба си купиле стан на ист кат. За разлика од Виктор, двајцата нема да брзаат да се преселат. Веројатно следната година ќе се преселат во новиот стан, завршува изворот.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

Бдејќи подолго време се шпекулира за новата љубов на Виктор, можно е најмладиот наследник на Боба да сакал да се осамостои па во иднина и да стапне на лудиот камен.

Фото: Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ

По раскунувањето со русокосата убавица Сандра, веќе со месеци се шушка дека Виктор има нова девојка, убавата црнокоса, пејачката Лена Чолак.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

Сепак, до сега немаше заедничка фотографија од пејачката, која популарноста ја стекна со учеството во музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ и синот на пејачката Лепа Брена.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

Тоа се случи кога Лена јавно му го честиташе роденденот на Виктор со селфи фотографија која ја направија на една прослава.

Фото Инстаграм/Лена Чолак

– Среќен роденден брате – напиша Чолак, а оваа честитка на својот Инстаграм профил ја сподели и самиот Живојиновиќ.

Фото Инстаграм/Лена Чолак

За потсетување, извори блиски до пејачката тврдат дека Лена наводно ја крие врската со Виктор и не објавува заеднички фотографии и снимки за да докаже дека не е со него само поради неговата популарност и присуство во медиумите.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

– Во јули минатата година Виктор Живојиновиќ ја раскина двегодишната врска со манекенката Сандра Миљаковиќ и сакаше извесно време да биде сам. По неколку месеци му се случи нова љубов – вели близок пријател на Виктор и открива каде синот на Брена ја нашол својата нова девојка.

Фото Инстаграм/Виктор Живојиновиќ

– Виктор и Лена се сретнаа неколку пати на заеднички приватни прослави, каде што беше ангажирана да пее. Веднаш му се допадна, но дури неодамна реши да и пријде и да и признае дека сака врска со неа. Лена му рекла дека и таа има симпатии кон него и така започна се …На Виктор му се допаѓа колку е Лена амбициозна и спонтана, особено му е драго што кариерата не ја гради врз скандали. Не се надевал дека и таа ќе се појави на настанот на кој бил тој, па кога ја видел многу се израдувал – изјавил извор за „Стар“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close