Кафе муабет

Ова e најкраткиот брак до сега: Познатата турска актерка се разведе по само 44 дена во рок од пет минути

Среќата кратко траеше...

Турската актерка Мерве Болугур, која се прослави со улогата во хит серијата „Сулејман Величествениот“ како Султанката Нурбана и серијата „Долина на солзите“.

фото инстаграм/Мерве Болугур

Во Сулејман Величествениот, Мерве ја игра Сесилија Ваниер Бафо, историска личност чие потекло не е официјално документирано. Продуцентите на серијата се решија за верзијата според која таа е вонбрачна ќерка на венецијански благородник и гувернер.

фото инстаграм/Мерве Болугур

Во 1537, на 12 годишна возраст, била киднапирана од грчкиот остров Фарос, од страна на пирати.

фото инстаграм/Мерве Болугур

Подоцна таа со нејзината слугинка доаѓа во харемот на синот на Хурем, Селим втори, каде го добива името Афифе Нур – Бану, што значи „божествена кралица со коса што свети“. Хурем препознава голем капацитет во младата девојка, убавина, духовитост и интелигенција, и веднаш и одредува место во харемот и најдобро школување.

фото инстаграм/Мерве Болугур

Нурбану ќе роди 4 деца од кои синот Мурад ќе го наследи Селим на престолот.

Таа е заслужна за продолжувањето на „владеењето“ на силните жени што го почна султанката Хурем, а во харемот опстана цели 130 години.

фото инстаграм/Мерве Болугур

Така Мерве стана Нурбану, новата убавица во Величествениот.

фото инстаграм/Мерве Болугур

Убавата актерка важи за една од најпопуларните турски актерки. Таа на својот Инстаграм профил има преку четири милиони следбеници од целиот свет, пред кои оваа 33 годишна убавица е поприлично активна и секогаш одговара на нивните прашања.

фото инстаграм/Мерве Болугур

Својата кариера Мерве ја започна како манекенка, сними во неколку реклами а потоа доби улога во хумористична серија.

фото инстаграм/Мерве Болугур

Од тогаш играла во повеќе турски серии, а во една од нив партнер и беше познатиот актер Бурак Оџивит ( кај нас познат по улогата на Бали бег). Во 2010 и во 2011 ги доби признанијата за најдобра турска актерка.

фото инстаграм/Мерве Болугур

Мерве неодамна повторно се најде во центарот на случувањата на Босфорот. Имено, таа успеала да се разведе по само 44 дена брак.

фото инстаграм/Мерве Болугур

Една од најубавите турски актерки на почетокот на октомври му го кажа судбоносното „да“ на музичарот Мерт Ајдин, но среќата кратко траеше.

фото инстаграм/Мерве Болугур

Случајот за развод исто така беше краткотраен, во рок од пет минути.

фото инстаграм/Мерве Болугур
фото инстаграм/Мерве Болугур
фото инстаграм/Мерве Болугур
фото инстаграм/Мерве Болугур
фото инстаграм/Мерве Болугур
фото инстаграм/Мерве Болугур
фото инстаграм/Мерве Болугур
фото инстаграм/Мерве Болугур

 

фото инстаграм/Мерве Болугур

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close