Кафе муабет
По семејната трагедија Јана живее со сестра и: Не можеме да спиеме, срцето ни крвари!
Треба време да се излечат раните...
Пејачката Јана Тодоровиќ, но и целото нејзино семејство тешко се справува со смртта на нејзиниот внук. Од целата трагедија што ги снајде сите тие се цело време заедно и ја делат тагата.
Како што вели пејачката – така мора да биде, иако нејзината сестра првично се спротивстави на одлуката.
– Најдов сила, кога се случи трагедијата … Не можеме да спиеме ноќе, бидејќи сестра ми живее со мене и со останатите. Сите сме заедно и заедно ја споделуваме оваа трагедија.
-Сестра ми ми кажа дека не сака да ни ги нарушува животите, а јас и реков: „Не сестро, ова е нашата семејна трагедија“ и мора заедно да ја споделиме тагата, заедно ни крварат срцата. Мојот внук ми даваше посебна сила – нагласи Јана во „Пулс на Србија“, каде се осврна и на пријателството со Тања Савиќ.
– Пријателството на Тања и моето трае со години и сега, кога ми е еден од најтешките моменти во животот, многу колеги се со мене. Имав многу пораки и поддршка – изјавила пејачката.
За потсетување, Бранко беше син на сестрата на Јана, со која секогаш беше многу блиска. Тој често и помагал да организира настапи, како и за други деловни обврски.
Кога зборуваше за прв пат по трагедијата, раскажа што всушност се случило, како таа и нејзиното семејство се справуваат со големата загуба и што ја отежнало нејзината ситуација кога ја слушнала страшната вест.
– Доби корона а беше и малку дебел. Отишол на лекар, примил антибиотик, но состојбата не му се подобрила. Докторот му понудил да остане во болница и бидејќи не се чувствувал добро се согласил. Неговата состојба наеднаш се влошила и таа сабота го загуби животот. Беше на респиратор само еден ден. Мислам дека срцето не му било добро, а не бил вакциниран – изјави Тодоровиќ нагласувајќи дека сега мора да се држи поради ќерката, но и сестра и и помалата внука на кои им е најпотребна.