Кафе муабет

Ќе ви го стопи срцето: Слушнете ја песната која Вело Марковски и ја посвети на својата убава сопруга!

И посвети песна...

Нема сомнение колку професорот Вело Марковски е заљубен во својата сопруга Евгенија со која има две деца.

фото: Приватна архва

Имено Вело, кој е посветен татко и сопруг сега заплива и во музичките води. Тој ја отпеа песната Битолчанки горди Македонки која за само неколку дена стана голем хит.

фото: Приватна архва

Многумина се восхитуваат на нивната љубов иако поради разликата во годините може да се слушнат и најразлчни коментари за парот. Сепак тоа не ги спречува да уживаат секој момент заедно, а Вело уште еднаш докажа колку е посветен на својата сопруга.

фото: Приватна архва

На видеото кое се појави на Јутјуб може да се види позадина од згодната сопруга на професорот која е седната на лулка, а во преден план се нејзините долги совршен нозе.

фото: Приватна архва

Битолчанки, стројни убави
Во амамот негувани
Кај јаворот ги чекаме песни им пееме
Со поглед љубов им даваме
Кај јаворот ги чекаме песни им пееме
Со поглед љубов им бараме…

Пред неколку дена Вело и Евгенија во своето прво гостување во естрадниот магазин Бекстејџ зборуваа за својата љубов, за нивното запознавање почетоците, па го открија клучот на вистинската љубов.

фото: Приватна архва

Имено тие се запознале на факултет, каде доктор Вело, предава и изненаден од знаењето на Евгенија и понудил да биде негов демонстратор. Така започнала љубовта меѓу нив, а Вело откри дека уште тогаш Евгенија се издвојувала од останатите.

фото Инстаграм/Евгенја Марковска

Евгенија вели дека Вело, бил строг професор открива дека од самиот почеток имала симпатии кон него.

фото Инстаграм/Евгенја Марковска

-Му бев демонстратор некое време, му помагав, комунициравме преку Фејсбук само за факултетот. Неговиот однос према мене многу ми се допадна, секогаш ме гледаше како еднаква на него па така колку повеќе се дружевме ми стануваше се поблизок и без никакви очекувања ја започнавме врската, не очекувавме дека ќе заврши со брак и со деца, вели Евгенија и додава:

фото Инстаграм/Евгенја Марковска

-Ме освои со неговиот однос, беше многу грижлив, внимателен. Јас имав 22 години кога ја започнавме врската и јас веќе бев спремна да имам деца и семејство. Мислам дека на моја возраст не би се решила некоја девојка за таков чекор, мислам дека машките подоцна созреваат и тоа беше клучен момент да се решам за таква врска.

фото Инстаграм/Евгенја Марковска

На прашањето како нејзините родители реагирале на врската со професорот таа вели:

фото Инстаграм/Евгенја Марковска

-Немаше некои пречки , повеќе беше тоа дали сме сигурн дека ќе успееме, дали сте свесн дека народот ќе зборува за вас, но нам тоа не ни влијаеше уште од самиот почеток сакавме да пробаме, ако не успее, не успее, но среќна сум што успеавме, изјави Евгенија.

фото Инстаграм/Евгенја Марковска

Во една прилика за mama.glamur.mk таа искрено проговори за мајчинството и бракот а себеси се опишува како среќна мајка и сопруга.

фото Инстаграм/Евгенја Марковска

-Би се опишала како другарка на децата. Целиот ден им го посветувам играјќи заеднички игри. Многу сум трпелива.

фото: прватна архива

Не очекувам да имам совршено уреден дом. Сметам дека децата треба да се креативни и затоа дозволувам да се растураат играчки на секаде, а потоа пред спиење собираме заедно за следниот ден да може одново да си играме. Децата брзо растат затоа сакам да им го направам секој ден забавен. Кај мене нема правила. Доколку ние јадеме, а детето не сака и тоа е во ред за мене. Треба да научи да си го слуша сопственото тело, па така може да јаде покасно. Би рекла дека сум мајка која секогаш е и ќе биде подготвена да ги ислуша своите деца и да им ја даде потребната поддршка.

фото Инстаграм/Евгенја Марковска

За Вело истакна дека секогаш помага кога тоа му го дозволува времето!

фото Инстаграм/Евгенја Марковска

-Кога нема работни обврски секогаш ми помага. Кога сум изморена знае да ги игра додека се одморам или да го прошета едното дете.Понекогаш ми помага и во заспивање на децата, додека јас го заспивам поголемото со приказни, помалото само со нишкање, сопругот сака да им пее се додека заспијат. Сепак мислам дека многу подобро се снаоѓа во кујна откоку со децата. Како и да е секоја помош ми значи многу. Сака да ги разгалува децата, но знае и да ги искара. Исто како мене и него не му пречи кога детето растура по дома, имаше период кога синот сакаше да црта по ѕидовите и тоа беше во ред, не му забрануваше. Многу е грижлив. Сака да им пее на децата. Добар пример е за нив, а синот веќе и се гледа како него па сака да го имитира и да игра игри во кои тој е професор или доктор. Чека да порасне синот уште малку за да може да го учи тенис.

фото Инстаграм/Евгенја Марковска
фото Инстаграм/Евгенја Марковска
фото Инстаграм/Евгенја Марковска
фото Инстаграм/Евгенја Марковска
фото Инстаграм/Евгенја Марковска

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close