Кафе муабет

Џенифер Анистон со “горка” исповед: Знаат ли злобните јазици дали можам да имам деца- сакам да родам иако имам 52 години!

За прв пат јавно прозборе за мајчинството...

52- годишната холивудска актерка Џенифер Анистон за прв пат реши јавно да проговори и да ја открие вистината за мајчинството.

фото инстаграм/Џенифер Анистон
фото инстаграм/Џенифер Анистон
фото инстаграм/Џенифер Анистон

Имено таа сега реши да стави крај на озборувањата и одговори на обвинувањата дека ја отфрлила шансата да стане мајка поради нејзината актерска кариера.

Таа изјави за Холивуд Репортер дека луѓето не знаат ништо за нејзината медицинска историја. По разводот со Бред Пит, актерката во 2016 година изјави дека отсекогаш сакала да има деца, но дека и понатаму сака.

фото инстаграм/Џенифер Анистон
фото инстаграм/Џенифер Анистон
фото инстаграм/Џенифер Анистон
фото инстаграм/Џенифер Анистон
фото инстаграм/Џенифер Анистон
фото инстаграм/Џенифер Анистон

Таа стана голема ѕвезда благодарение на серијата „Пријатели“, но ја погодија шпекулациите за нејзиниот приватен живот.

фото инстаграм/Џенифер Анистон

– Сето тоа го прифатив многу лично, тие гласини за бременоста и коментарите дека избрав кариера наместо деца. Ми пречеше тоа што овие луѓе немаа поим што се случува во мојот приватен живот, каква е мојата здравствена состојба, зошто не можам… Дали можам да имам деца? Тие не знаат ништо за тоа – рекла актерката и тие коментари ги нарече „болни“ и „просто зли“.

-Она што тогаш таблоидите и медиумите им го правеа на луѓето за личниот живот, сега го прават обичните луѓе. Дали сè уште гласините се дека ќе имам близнаци? Дали на чудесен начин ќе станам мајка на 52 години? Не знам зошто има таков злобен тренд во општеството. Често се прашувам што им е возбудливо во тоа“ – изјави таа.

Анистон се осврна на општеството во кое живееме и објасни дека се уште е во ред мажите да стапат во брак повеќе од еднаш и да имаат 30 години помлада жена и дека тоа многу влијае на припадничките на понежниот пол и незадоволството ако ситуацијата е обратно.

Годините не и можат ништо!

И покрај тоа што наполни 52 години, многумина се согласуваат дека изгледа подобро од многу помлади девојки од неа. Таа вели дека за нејзиниот изглед виновни се здравиот живот, добрата исхрана и редовните тренинзи.

фото инстаграм/Џенифер Анистон
фото инстаграм/Џенифер Анистон
фото инстаграм/Џенифер Анистон
фото инстаграм/Џенифер Анистон

Имено, познатата холивудска актерка вежба еден час дневно, по пет пати во неделата, додека викендот и е резервиран за одмор и собирање сила за следните денови. Што се однесува до тренинзите, таа комбинира теретана и јога, а често вежба и во својот дом со некое видео од интернет, додека најмногу ужива во своите кардио тренинзи.

фото инстаграм/Џенифер Анистон
фото инстаграм/Џенифер Анистон
фото инстаграм/Џенифер Анистон

Џенифер не е фан на некои ригорозни диети, но смета дека здравата исхрана е клуч за добриот изглед и чувство.

фото инстаграм/Џенифер Анистон

Наутро во главно јаде нутритивен богат појадок како што е овесна каша или кајгана од едно цело јајце и три белки, или едноставно пие смути.

Ручекот и вечерата во главно се обилни со протеини. За тие оброци најчесто избира салати со пилешко или туна.

фото инстаграм/Џенифер Анистон

Покрај овие три основни оброци, практикува и ужина меѓу нив. Измеѓу оброците јаде некое овошје или зеленчук.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close