Кафе муабет

Следниов период овие хороскопски знаци ги очекува љубовни промени и бура од емоции

Сезоната на Бикот е тука, а што Сонцето во знакот на Бик ни подготвува за оваа недела?

Бикот, Вагата и Скорпијата во следниов период може да почувствуваат бура од емоции. Ќе има подобрување и за заљубените, па, уживајте во моментите кои ви претстојат.

Бик

Веќе некое време ја анализирате вашата врска и дојдовте до одреден заклучок. Присуството на Меркур ви овозможува да ги формулирате своите идеи за да можете да му пристапите на партнерот. Марс ви дава храброст да тргнете напред и да го искажете своето мислење.

Со партнерот ќе наидете на некое ново ниво на комуникација и разбирање. Овој период вашата врска ќе биде под рефлектор, ќе бидете блескави, среќни, добро ќе комуницирате и во вашиот живот главна улога ќе има романтиката.

Вага

Овој период ве очекува рамнотежа, разбирање и мир. Имате тенденција да го игнорирате она што би можело да ви создава проблеми во вашата врска. До сега, април ве тераше да се чувствувате храбро, исполнето со желба да тргнете напред, подготвени да искусите нови работи.

А кога е во прашање вашиот љубовен однос, ќе имате желба да бидете вклучени во нови работи и да дојдете до целосно нова љубовна фаза.

Скорпија

Оваа недела ќе чувствувате како да добивате посебна порака од универзумот која директно ви порачува да бидете тука за својата сакана личност, односно до вашиот партнер. Ќе се чувствувате енергично, а притоа ќе бидете и доста продуктивни во се’ што сте наумиле.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close