Кафе муабет

Значење на името Лазар и обичаи за Лазарова сабота

Лазар е често машко име на нашите простори.

Името Лазар е често на нашите простори. Потекнува од старохебрејскиот „ел азар“. Изворно од арамејскиот „azarya“ во значење „Бог е помош“. Лазар е блибкиско име, форма на Елеазар.

Лазар празнува именден на Лазарова сабота, со која во нашата земја се поврзани повеќе обичаи. На овој ден се изведуваат лазарски песни од страна на девојчиња, собрани во групи, кои одат во куќите во населеното место и пеат посебна песна наменета за овој ден. Со песните се посакува напредок, здравје и среќа.

Во некои краеви се изведува и таков обичај што се оди на река, се фрла камен и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! Исто така некаде се бере и цвеќе кое не треба да се внесе во домот, туку треба да се остави во дворот, да се накити, а во водата каде што стоело да се измијат домашните жители.

На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close