Кафе муабет

Мора да сфатите дека мајка ми не се разведе: Еве што збореше Вељко Ражнатовиќ за врската на мајка му со Богдан Срејовиќ!

Цеца повторно е слободна...

Раскинувањето кое ја шокираше јавноста го потврдија и пејачката и нејзиното поранешно момче.

Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ

Цеца Ражнатовиќ јавно кажа дека раскинала со Богдан Срејовиќ со кој беше во врска една година.
И иако сите се прашуваа која е причината за раскинувањето, таа информација се уште не е откриена. Она што претходно ја заинтригира јавноста е каков однос имале децата на Цеца со Богдан. И додека Анастасија често можеше да се види во друштво на Срејовиќ, беше јасно дека тие двајца одлично се сложуваат, а таа го прифати. Сепак, Вељко избегнуваше да дава какви било изјави за односите со партнерот на неговата мајка.

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

-Би ја поддржал мајка ми доколку реши да се омажи. Имам семејство, Анастасија има момче, ќе се мажи и таа. Кога сите одиме некаде, мама секако не треба да седи сама во куќата како куче. Таа треба да го живее својот живот и да ужива во него. Луѓето треба да разберат дека мајка ми не се разведе, туку татко ми е убиен. Ниту еден човек никогаш не прошетал низ нашата куќа! Мајка ми ја чуваше сликата на татко ми, како и презимето на нашето семејство и интегритетот на семејството. Имаме пофални зборови за се што направи за мене и Анастасија – истакна тогаш Ражнатовиќ и додаде:

фото инстаграм/Богдан Срејовиќ

– Навистина сум среќен што најде некој! Го прифатив тој човек, бидејќи секогаш го почитувам нејзиниот избор. Најважно ми е да ја почитува и сака мајка ми – заврши Вељко.

ФОТО: Вељко Ражњатовиќ / Инстаграм

Инаку Богдан Срејовиќ се исели од вилата на пејачката на Дедиње, каде живееја заедно со месеци.
Цеца и Богдан почнаа да живеат заедно, во нејзината вила во Љутиче Богдана, неколку месеци откако ја започнаа својата романса.


Секој слободен момент двајцата го користеа за да одат на заеднички патувања, но нивната база беше во Белград, во куќата на Цеца.


Меѓутоа, кога љубовта згасна и решија да раскинат, Срејовиќ ги спакува куферите и се исели од домот на пејачката.


Тоа се случи неколку дена пред Цеца и нејзините пријатели да заминат на одмор на Малдиви.


Да потсетиме, Цеца и Богдан не сакаа премногу да коментираат за раскинувањето што се случи, туку единствено што сакаа беше да ги потврдат овие наводи:

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

– Веќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

Очигледно имало разлики, а Цеца и Богдан не ги надминале сите предизвици кои биле пред нив, па оваа љубовна приказна станала само спомен.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ
фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close