Кафе муабет

“И јас на местото на Цеца би одбрала младо пилешко”- Кија Коцкар прокоментира за врската на осум години помладиот Богдан и фолк дивата!

Таа нема ништо против...

Веќе подолго време главна тема во медиумите се фолк дивата Цеца Ражнатовиќ (47) и нејзиното момче Богдан Срејовиќ (38), а тие повеќе не кријат дека уживаат во хармонична емотивна врска.

Секако оваа вест предизвика бура од коментари, па  последните неколку месеци и никој не остана рамнодушен на оваа вест.

Имено, врската помеѓу пејачката и младиот менаџер ја коментираше и Кија Коцкар, која и самата истакна дека сака помлади мажи.

– На момчето на Цеца ништо не му недостасува. Не е важно што тој е помлад од неа, па и јас сакам пилешко. И кога ќе дојдам на возраст од Цеца, ќе барам само помлади момци од мене. Знаете како велат: „Помладо е секогаш послатко“ – признала Кија и додаде дека Ражнатовиќ не треба да обрнува внимание на негативните коментари поради разликата во возраста во однос на нејзиниот партнер.

– Тие се убава двојка и најважно е што се среќни. Она што другите го кажуваат не треба да ги интересира! Се надевам дека ги игнорираат ваквите глупости.

Кија не го познава Богдан лично, но верува дека тој е добро момче, бидејќи тие имаат заеднички пријатели.

– Тој се дружи со многу мои добри пријатели, скоро сите беа излезени заедно. Ако поминуваат време со него, тогаш тоа значи дека тој е квалитетно момче. Го познавам моето друштво и знам дека не би се дружеле сосекого – изјави пејачката за Хит.

Инаку, Цеца ја блокираше Кија на Инстаграм и тие никогаш не ја открија вистинската причина.

И Цеца и Богдан, откако во јавноста „испловија“ вестите дека се во врска, редовно објавуваат фотографии на социјалните мрежи. Од нив можеме да заклучиме дека и двајцата уживаат во нивната романса, но и дека наследничката на Богдан одлично се согласува со познатата пејачка.

Но овој пат Богдан објави уште една емотивна фотографија од зимувањето, со тоа што на неа е во прегратки со ќерката Искра.

Таа лежеше во неговиот скут, и двајцата видно расположени, а фотографиите најверојатно ги направи Цеца.

Инаку, Богдан ќерката ја има од поранешниот брак со Зорана Тасовац, сегашната девојка на пејачот Саша Ковачевиќ.

Богдан во моментов е заедно со Цеца и својата ќерка на зимување во Копаоник, каде се сместени во станот на пејачката.

Колку тие уживаат во заедничкиот одмор покажуваат и нивните објави што постојано ги споделуваат на социјалните мрежи.

Вљубениот пар се уште ужива во зимската магија и снегот, а тоа ни го потврди и Цеца со нејзините најнови фотографии…

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close