Кафе муабет

Младата „Гранд ѕвезда“ со потекло од Македонија прозборе за ГОЛЕМИОТ СКАНДАЛ што го тресеше регионот (фото)

Кога во јавноста се појавија обвинувањата дека менторите од „Ѕвездите на Гранд“ зимаат мито од младите пејачи сите беа во шок.

Оваа вест како бомба одекна во јавноста и подигна голема прашина, по што Снежана Ѓуришиќ реши да ги тужи пејачот и неговата мајка кои што во медиумите ја обвинија дека им побарала мито.

По аферата со Снежана, се појавија гласини дека и Ѓорѓе Давид наводно им барал пари на кандидатите на кои им е ментор.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Од овие причини колегите од шоуто веднаш застанаа на негова страна, а јавно го бранеше и македонскиот пејач Александар Јосифовски кој беше финалист во претходната сезона од популарното шоу.

Фото: Инстаграм

Откако Јосифовски застана во одбрана на Ѓоле, со свој став за целиот настан се произнесе уште една натпреварувачка од шоуто.

Фото: Инстаграм

Во прашање е пејачката Ивана Димковски, која живее во Белград, но чиј татко по потекло е од нашата земја.

Таа за медиумите изјави дека досега два пати се натпреварувала во шоуто и никогаш никој не и побарал пари за да помине во следниот круг, ниту пак слушнала нешто такво од останатите учесници.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Како и сите, единствено од медиумите слушнав за поединечни случаи, кои заради малку медиумско внимание не избираат со што ќе се служат“, изјави младата пејачка, па го спомена и Ѓорѓе Давид.

„Гледам и дека мојот поранешен ментор Ѓорѓе Давид е споменат како член на жирито кој бара пари за натпреварувачите да поминат понатаму, но јас можам да тврдам дека на мене никој никогаш не ми барал пари, ниту било што слично како јас подобро би се пласирала“, изјави Ивана за „Гранд“ и откри како според неа се успева во „Ѕвездите на Гранд“ и по натпреварот:

„Само со упорност, вредна работа и голема желба за успех можете да стигнете онаму каде што сте замислиле“, вели таа.

Фото: Инстаграм

Имено, Ивана е една од оние пејачки во „Ѕвездите на Гранд“ која и по шоуто успешно ја гради својата музичка кариера.

Фото: Инстаграм

Таа во Гранд го фасцинираше жирито уште со своето прво појавување на сцената, а публиката посебно беше изненадена кога младата девојка откри дека има говорна мана, односно дека пелтечи додека зборува.

Но младата пејачка овој проблем го нема додека пее, а и како што самата откри во една пригода, кога настапува пред својата публика воопшто не размислува за тоа, па затоа и никој не може да забележи.

Фото: Инстаграм

Овој проблем на Ивана и се јавил кога имала шест години и од тогаш се обидува да го реши со напорно вежбање.

Фото: Инстаграм

Инаку, Ивана живее во Белград, а нејзиниот татко по потекло е од Македонија. Ова во една пригода го откри нејзината мајка во „Ѕвездите на Гранд“, кога Саша Поповиќ ја праша за презимето, со што таа потврди дека нејзиниот сопруг има потекло од нашата земја.

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close