Кафе муабет

Нема да ви се верува колку пари ќе спечали Драгана Мирковиќ во АВСТРАЛИЈА – од цифрата ќе ви се заврти во главата

Пејачката цели 15 години не одржала концерт во оваа земја

Како што пренесуваат медиумите познатата фолк пејачка Драгана Мирковиќ по турнејата во Австралија ќе биде побогата за милион долари.

Наводно оваа турнеја ќе биде запаметена како една од најуспешните во кариерата на познатата фолк пејачка, со неверојатна заработка каква што досега немал никој од познатите ѕвезди во регионот.

Како што откриваат луѓето од организацијата, откако беше најавено дека ќе дојде и ќе организира пет концерти во различни градови низ Австралија, интересот за настапите на Мирковиќ не стивнува.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Таа во Австралија не настапувала цели 15 години, така што картите за нејзините преостанати концерти веќе речиси се продадени.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Како што пренесуваат медиумите, нејзината турнеја може да се спореди со настапите на големите светски ѕвезди.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Што се однесува до третманот што пејачката го има, се очекува дека минималните трошоци само за ова се околу 100.000 евра.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Но вкупната бруто заработка од сите продадени влезници ќе изнесува преку милион австралиски долари.

Првиот концерт беше во градот Аделејд на 28 април, а еден ден потоа и во Сиднеј. Потоа на 30 април Драгана пееше во Бризбејн, а по неколкудневна пауза таа ќе настапува во Мелбурн на 5 мај, додека следниот ден има закажано концерт во Перт. Што се однесува до цената за билетите, таа во просек се движи околу 135 австралиски долари, односно околу 80 евра.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Како што објави Свет-Австралија, публиката во Сиднеј беше воодушевена од концертот кој помина во одлично расположение.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Таа ги пееше своите најголеми хитови и направи вистинска атмосфера, а и самата беше воодушевена од публиката.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Инаку, Драгана вниманието на јавноста го привлекува уште откако прв пат се појави ја јавната сцена.

Покрај нејзините извонредни вокални способности, таа привлекуваше внимание и со својот совршен изглед кој и денес го негува.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Благодарение на хитовите кои и денес се слушаат, таа е една од најбараните фолк пејачки во регионот, но и кај нашинците во дијаспората.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Долгата, црна коса веќе со години е нејзиниот заштитен знак, па денес малкумина се сеќаваат како таа изгледаше на почетокот.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Имено, Драгана во 2004 година имаше долга црвена коса и кратки шишки кои мораме да признаеме, и стојат феноменално.

Како таа изгледаше некогаш, но и сега, погледнете во продолжение:

View this post on Instagram

A post shared by @estradni.arhiv

 

 

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close