Кафе муабет

Овој викенд беше посебен за Тамара Тодевска и нејзиниот ПОРАНЕШЕН СОПРУГ – и двајцата блескаа од среќа!

Пејачката и приреди на својата наследничка бајковита прослава!

Познатата македонска пејачка Тамара Тодевска приреди неверојатна роденденска журка на својата ќерка Хана.

Ќерката на пејачката Тамара Тодевска овој викенд го прослави својот седми роденден, а нејзината мајка се потруди да и’ организира незаборавна тематска журка со која ја израдува својата наследничка.

Под влијание на популарната американска серија „Среда“, малата Хана реши да биде се во знакот на Среда Адамс.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

На роденденската забава доминираа балоните во црни и виолетови нијанси како и мотиви инспирирани од успешниот проект на Нетфликс. Малата Хана облечена во црна сукњичка и маичка изгледаше како главната хероина во популарната серија, а црно од глава до пети носеше и нејзината мајка.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Имено, Тамара за оваа пригода избра тесен црн фустан кој го носеше со робусни црни изми и црна кожена јакничка.

Таа едноставно блескаше додека позираше покрај своите две деца, а внимание привлече и семејната фотографија на која со нив е и поранешниот сопруг на пејачката и татко на нејзините деца.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Имено, Тамара при крај на минатата година соопшти дека се разведува од својот сопруг, поранешниот кошаркар Александар Димитровски – Мачка, а оваа заедничка фотографија е доказ дека тие и по разделбата решиле да останат во добар однос заради нивните деца.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Големо внимание привлече и уникатната роденденска торта со ликот на Среда од која беа најмладите беа воодушевени.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Очигледно дека познатата мама Тамара се погрижила за секој детаљ како би и’ го разубавила овој посебен ден на својата ќерка, а како Хана уживаше во оваа роденденска бајка погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close