Кафе муабет

Забавно: Откако сум мајка, како да одам по жица во некој циркус

А дијагнозите ги менувам секојденвно...

Откако сум мајка, како да одам по жица во циркус, децата прават атмосфера, а мажот ми ме чека долу…

Видов стара фотографија во албумот, каде што насмена ја држам својата двомесечна ќерка, па си помислив: Дали сум ова навистина јас?

Оваа мајка што цело претпладне им вика на децата затоа што не завршиле со појадувањето, зашто се обидуваат да се качат да лустерот, се караат околу исти играчки (па десет пати така околу десет други).

А дијагнозата си ја менувам секојдневно. Еднаш е ПМС, друг пат е умор, трет пат едноставно немам трпение за нив – зашто после шест пати откако ќе им се обратам, тие и понатаму не слушаат како им викам, па на седмиот пат ќе се јават, мирно, како да слушаат прв пат.

Повторно ја погледнувам истата фотографија и се прашувам: Која е оваа жена?

Но, убаво е да се живее во овој циркус. Нема шанси да паднам. Па нека сите живеат во циркус, сепак, убавината кога ноќта ќе се прегрнеме сите, не може да ја купи ништо на светот!

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close