Кафе муабет

Вистински шармер: Нема да верувате што и подари Гудељ на Анастасија за Денот на вљубените- пејачката пресреќна се пофали на социјалните мрежи

Уживаат во љубовта...

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ  вчера уживаше во Денот на вљубените со својот сакан, фудбалерот на Севиља, Немања Гудељ, од кого доби огромен букет рози во кутија.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Немања доста се потрудил да ја израдува својата сакана, на која покрај цвеќе и подарил и белешка на која на шпански едноставно пишува: „Те сакам“.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Анастасија гордо ги покажа букетот и белешката, а колку била возбудена покажуваат и неколку фотографии на нејзиниот Инстаграм профил.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Младата пејачка и познатиот фудбалер се во врска речиси една година, а се запознале преку заеднички пријатели додека Гудељ минатата година беше во Белград. Оттогаш тие уживаат во врската, а Анастасија се почесто престојува во Шпанија каде живее со својот избраник.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Бидејќи младата пејачка се повеќе време поминува во Севиља, многумина се прашуваат како изгледа љубовното гнездо на ќерката на Цеца и славниот фудбалер.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Судејќи по објавите на социјалните мрежи, куќата на Немања Гудељ се наоѓа во мирен, но елитен дел од градот и е уредена до последен детаљ. Анастасија, која моментално престојува во Севиља, секако е добредојден гостин во неговиот дом.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Да се ​​биде во Шпанија, во овој период од годината е вистински благослов со оглед на тоа дека дневните температури достигнуваат до 18ºC се идеални за прошетка. Така додека Гудељ тренира, на Анастасија и прави друштво нивниот миленик.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ не крие дека сака да стапне на лудиот камен, но смета дека се уште е млада за таков чекор.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Колку се заљубени тоа не мора никому да го признаат затоа што тоа им се гледа на лицата. Уште од првиот ден кликнаа и на сите им беше јасно дека овој однос ќе биде поинаков– изјавил неодамна извор близок до Гудељ, пренесува „Блиц“.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Немања и Анастасија се во сериозна врска и планираат заедничка иднина. Таа беше првата личност на која и кажа дека добил понуда од турскиот прволигаш и и објасни дека е многу веројатно следната година да ја напушти Шпанија. Ја прашал дали би сакала да ги спакува куферите и да замине со него. Се договориле прво да оди во Турција, а кога ќе се смири и ќе се вклопи во околината, ќе му се придружи и Таша – открил соговорникот кој истакнал дека Ражнатовиќ не планира да ја запостави музичката кариера.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Анастасија не планира да се откаже од пеењето. Свесна е дека за да напредува во работата треба многу време да минува во Белград бидејќи тука се сите нејзини колеги и кариерата најдобро ќе ја води од Србија. Исто така, таа е многу врзана за семејството, мајката, братот и внукот Жељко, а одлучила постојано да биде на релација Белград-Турција за да го поддржува своето момче, но и да продолжи со сопствениот раст. Верува дека тоа ќе биде добар тест за нивната врска, била свесна дека сериозна врска со спортист бара одредени жртви и верува дека ќе може да се снајде со тоа темпо на живот – откри неодамна извор близок на Анастасија.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close