Новости
“Ме манипулираше 12 години, а сега манипулира и со вас”: Тања Савиќ гневна- Верувајте ми на мене!
Пејачката вели дека целата борба за децата падна во вода
Повеќе од осум месеци Тања Савиќ води битка со нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ, а расправијата меѓу нив никако да заврши.
Неодамна Душан објави еден разговор кој наводно го водел со неа, во кој пејачката наводно му напишала дека го сака и едвај чека да ги види и повторно сите да бидат заедно.
Пејачката после тоа се огласи на социјалната мрежа Инстаграм, и рече дека е многу разочарана од тоа што луѓето не и веруваат на неа, туку на Душко за кого посочува дека е манипулатор.
– Не знам како да им објаснам на луѓето да ми веруваат. Од почит кон мене, медиумите не треба да ја објавуваат приказната на Душан во преден план и да ми го оцрнуваат името. Сето она што го градев со години, од април, како да падна во вода – вели Тања за „Гранд магазин“ и додаде дека нејзиниот сопруг е одличен манипулатор.
-Сето тоа е затоа што Душан си даде право да коментира за нашата преписка, што беше или не. Но, тој некако успеа да ја изманипулира јавноста. Неверојатно е каква моќ на манипулација има една личност. Јас сум пример за таа долгорочна манипулација – вели Савиќ и открива дека поради него, целосно го напуштила животот и се откажала од семејството.
– Бев со него 12 години и тој толку многу ме изманипулира, што за малку ќе се откажев од родителите и сестра ми. Далеку од тоа дека не сум свесен за тоа што правам. Живеев со него и бев толку посветенана на него, и тој успеа да ме изолира од сите. Зачекорувате толку длабоко во тие проблеми, не гледате, мислите дека така треба да биде, откри Тања.
И покрај сите написи кои излегоа во медиумите пејачката тврди дека не се смирила со нејзиниот сопруг и неколку пати изјави дека судот ќе донесе одлука за целата ситуација.
„Не сум се помирила со сопругот, аман, луѓе! Како можам да се смирам со него?! Тој еден ден кажува едно, другиот ден друго. Тој има нарушување на личноста. Судот ќе донесе одлука за сè, кога веќе не можеме да се согласуваме убаво, разумно, цивилно. Па, да видиме “, рече Тања и додаде:
Јас самата ќе одлучам дали сакам да живеам со Душан или не, и дали сакам да го трпам тоа или не. Јас реков дека повеќе нема да трпам, но тоа е моја приватна работа. Луѓето се мешаат во се. Сепак јас имам две деца со тој човек и морам да го почитувам, поради нив. Гледам дека многу луѓе почнаа да коментираат лошо за мене, но јас сум разумна жена и знам дека не би требало да направам таков потег, да се смирам со Душан, со кој 8 месеци се борам за своите деца.
Тања Савиќ минува низ пекол
Тања пред неколку дена откри дека конечно по осум месеци, сега успева и да се слушне со своите деца, но посочи и која ситуација најмногу ја погодила.
– Синоќа разговарав со децата, се случува понекогаш да разговарам малку подолго со Џоле, а понекогаш и со Максим. Имаше една ситуација последен пат кога се слушнав со Максим. Тој го нацрта татко му и јас, секако, прашав кога ќе ме нацрташ и мене, и тој ми рече: „Мамо, не можам да те нацртам“, ги познавам моите деца и кога молчат за нешто, знам што мислат – посочи Тања.