Новости

Денеска е Лазарова сабота: Ова се обичаите на овој голем празник!

Секогаш е паѓа ден пред Цветници...

Денеска православните христијани го слават големиот празник Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден.

фото илустрација

Ова е еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е подвижен празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.

фото илустрација

На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос.

фото архива

Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

фото илустрација

Кај нас овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја.

фото илустрација

Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни. Има повеќе лазарски песни и се користат според личниот, семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната.

фото илустрација

Песните обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок.

фото илустрација

извор. Википедија

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close