Кафе муабет

Данијела Мартиновиќ откри кога ќе се мажи: Пејачката ги израдува фановите- ова сите го очекуваа додека беше со Грашо

Таа не крие дека е заљубена...

Пејачката Данијела Мартиновиќ пред две години ја раскина 24- годишната врска со Петар Грашо а сега повторно е во центарот на јавноста откако откри дека е среќно заљубена.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

-Јас и Јосип сме повеќе од убава двојка. Но, кога станува збор за мојот приватен живот, не сум многу добра во разговорот, но навистина сум исклучително среќна. Јосип е моето пристаниште, изјави за 24sata.hr пејачката Данијела Мартиновиќ (51).

фото Глорија.хр

После 24 години, таа конечно најде мирно засолниште. Љубовта со инспекторот за криминал Јосип Плавиќ (49) се роди минатата година кога адвокатот на Данијела преку Интернет поднел пријава за кражба на идентитет. Полицијата брзо го расчистила случајот, а Даниела и инспекторот продолжиле да комуницираат.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Секое предвидување или планирање во животот би било смешно бидејќи тој е чудесен. И му се фрлив како параглајдер. Отворена сум за сите опции – вели сплиќанката.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Како што пишуваа претходно, инспекторот и пејачката, иако изгледаат како „некомпатибилни“, тие се сосема исти вели Данијела.

Фото Јутарни.хр

За овие вредности Данијела пишуваше во својот прв роман, кој содржи досега не кажани детали за нејзиниот живот. Романот со автобиографски детали ќе го издаде во мај.

фото/CROPIX

– Конечно книгата ќе ја види светлината на денот. Тие рокови беа навистина долги, но јас секогаш велев: „Еднаш напишано, секогаш напишано“, па ова чекање не ми значи ништо – вели пејачката.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Мислам дека секој момент е единствен. Не знаеме колку време сме тука и не знаеме кога со несвесна насмевка ќе допреме нечиј живот. Така што јас сум среќна со секој здив. Секогаш се прашувам што можам да научам од ова искуство. И јас се лутам, но не дозволувам гневот да ме обземе. Знам дека тоа е моментално чувство. Знам дека луѓето не треба да се земаат здраво за готово. Кога ќе му пријдеш на таков човек, зад секоја фасада, колку и да е цврста, секогаш се крие некоја кревка судбина. Вашата намера и чувство да прегрнете друго суштество ќе ја пробие секоја маска – е советот на пејачката.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close