Бебе

Само овие 6 работи мораш да ги купиш пред да се роди бебето

Што всушност е навистина потребно?

На секоја мајка ѝ претставува задоволство да купува за своето бебе уште пред да се роди. Но, некои работи всушност не е потребно да ги купувате со месеци однапред. Седиште за во автомобил, лулашка, дубак, играчки, книги…. Сите овие работи ќе чекаат во некоја соба и ќе стојат неискористени, со месеци.

Според една мајка и блогерка, овие 6 работи ви се неопходни да ги купите пред да се роди бебето, а доколку вие имате нешто на ум, слободно додадете го на оваа листа.

1. Носилка за бебе. За да го држите бебето што поблиску до себе, ова мора да го имате.

2. Пешкири. Од нив никогаш не ви е доста.

3. Постелнина за бебето. Многу често ќе ви се валка, па добро е да имате резерви.

4. Шишиња. Ако планирате да доите, заменете го овој производ со градник за доење или пумпа за измолзување.

5. Пелени и марамици. Секако, без ова не би можеле да живеете.

Што се однесува на капењето, многу мајки сметаат дека детската кадичка е незгодна и премногу голема. Но, секако, секоја мајка знае најдобро за себе и за своето малечко. Важно е да бидете подготвени, како физички, така и психички, за доаѓањето на новиот член.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close